Откриена причината за смртта на познатиот актер: Семејството е во шок

Откриена е причината за смртта на актерот Дејвид Гејл, кој почина пред нешто повеќе од еден месец на 59-годишна возраст.
Актерот починал од мозочни и срцеви компликации по предозирање со дрога, потврдила неговата мајка.
Во крвта имал амфетамини, кокаин, етанол и фентанил.

Медицинскиот персонал се обидел со реанимација, но не бил успешен. Лекарите го ставале на апарати за одржување во живот со денови пред да биде прогласен за мртов на 16 јануари.
Неговото семејство првично веруваше дека тој починал од срцев удар.
„Срцето ми се скрши кога дознав дека мојот син умре на овој начин“, рекла неговата мајка.
Гејл беше најпознат по улогата во серијата „Општа болница“, а се појави и во познатиот „Беверли Хилс“, каде го глумеше свршеникот на Бренда Волш, која ја толкуваше Шенон Доерти, пишува Дејли мејл.




