Откриена вистината за трагичниот крај на одличниот комичар: Сите мислеле дека има испади, а тој бил многу болен
„Желбата на Робин“ (Robin’s Wish) е насловот на новиот докуметарен филм во режија на Тејлор Норвуд, и ја прикажува главно непознатата страна на Робин Вилијамс, кој освен што беше познат актер, имаше и свои човечки слабости.
– Ако сте го сакале актерот Робин Вилијамс, тогаш Робин, човекот кој стои зад целата таа работа беше уште подобар, рече Норвуд за американските медиуми за својот нов документарец кој ги истражува последните денови од животот на легендарниот комичар Робин Вилијамс, како и неговата невролошка болест со која се борел.
Робин Вилијамс, знаеме сите, со своите филмови развеселуваше милиони гледачи. Но, исто така дознаваме, дека нешто подоцна во неговиот живот, зад неговиот исклучителен комичен и актерски талент се криела несигурност, душевен мрак, кој го наведе во август 2014 година да си го одземе животот, на возраст од 63 години.
Јавноста смета дека на таков потег го натерала депресијата со која често се борел, како и зависноста со која исто така се борел. Новиот документарец „Желбата на Робин“, кој премиерно се прикажа по повод шестата година од трагичната сmрт на Вилијамс, открива детали за последните, мачни денови на холивудската ѕвезда како и околностите под кои уmре.
Незаслепен од својата огромна слава и талент, Вилијамс живеел приградски живпт со сопругата Сузан Шнајдер Вилијамс во округот Марин, северно од Сан Франциско. Кога режисерот Норвуд ја посетил куќата, се шокирал колку таа всушност е обична.
– Таму немаше 30 метри висока ограда, па ни долг приод до куќата, се пресети режисерот.
– Само претпоставувате дека тука би требало да живее Робин Вилијамс. Се дружеше со луѓето во својот двор, играше со децата во соседството и возеше велосипед низ градот. Немаше телохранители. Едноставно сето тоа го испуштил. Никогаш не бил затвореник на сопствената слава. Како го изведе тој магичен трик? – праша режисерот зборувајќи за својот документарец.
Во филмот неговата трета сопруга Сузан и бројните соработници говорат дека Вилијамс бил храбар, „вистински воин“, но и дека се гледало како нешто во него да се урива, но дури обдукцијата утврдила дека актерот страдал од деменција со Левиеви тела, тешка невродегенеративна болест слична на Паркинсонова, која на крајот го навела на саmоубиство.
– Човечкиот мозок, знаете, е многу исклучителен орган тежок повеќе од килограм ипол, вели во филмот Вилијамс, стоејќи пред осветлена слика од мозок.
Токму мозокот на Вилијамс бил најтешко погоден од болеста, зошто Левиевите тела, насобрани протеини во невроните, ги оштетуваат и усмртуваат клетките на мозокот и тој вид деменција предизвикува изразени потешкотии во размислувањето и способноста за концентрација.
Норвуд во разговорот за филмот за американските медиуми се присети и на приказната која му ја раскажал Дејви Кели, творец на ТВ серијата „The Crazy Ones”, во која глумеше Вилијамс. Кели закажал состанок со актерот за да ги договори деталите.
– Давид Кели застанал во еден ресторан, а Робин седел на плочникот напред и размислувал. Тогаш си помислувате: Зарем тој не е толку познат!? Само така седеше пред ресторанот на плочникот во Сан Франциско. Но Робин беше таков, и тоа за мене е навистина силно. Сите луѓе со кои разговаравме за филмот го сакавме. Го гледавме како шета со кучето или би наминала на скара, раскажа Норвуд, режисерот на документарниот филм за последните денови од животот на актерот.
– Му беше нападнат речиси секој дел од мозокот. Чувствуваше како да се распаѓа, вели во филмот вдовицата на Вилијамс.
И покрај тоа што никој не ја знаел вистинската дијагноза, сите беа свесни дека со актерот нешто се случува. Шон Леви, режисер на третото продолжение на „Ноќ во музејот“; во кој Вилијамс повторно го оживеа Теодор Рузвелт, во документарецот зборува за тоа како на снимањето забележал дека актерот чудно се однесува и дека има бизарни испади. Но, денеска е јасно дека сето тоа е последица на подмолната болест.
– Ми се чини дека ќе му бидам доследен пријател ако за тоа отворено зборувам отколку и натаму ако молчам, изјави режисерот.
Насловот на филмот го избрала Сузан, во знак на почитување на желбата на мажот.
– Разговаравме за тоа што сакаме да оставиме зад себе кога ќе дојде време да одиме. А Робин без многу размислување рече: „Сакам да им помогнам на луѓето помалку да се плашат“, се присетува Сузан, додека Норвуд ја објаснува поентата на филмот.
– Во филмот покажавме како Вилијамс со ужасното сознание дека ги губи сите свои способности се носел храбро и со повеќе трпение од било кој лик кој го глумел во филмовите. Така сакаме да ја исправиме неправдата која му е нанесена, рече режисерот, мислејќи на ситуацијата која следуваше кога актерот се обеси во својот дом во Парадајс Ки во Калифорнија. Имено, брзо се проширија гласините дека тоа го направил под влијание на дрога и алкохол.
Сепак, Сузан во филмот одлучно изјавува: „Мојот сопруг беше потполно чист и трезен 8 години пред сmртта. Што би натерало така талентиран актер и комичар кој знаеше везден да импровизира и брилијантно да имитира да посегне без размислување кон наркотици и алкохол?“
Филмот „Желбата на Робин“ раскажува силна приказна за актерот и комичар Робин Вилијамс во неговите последни денови. За првпат борбата на Робин со деменцијата е прикажана во досега невидени детали.
– Низ новинарскиот објектив, оваа неверојатна приказна фрла сосема ново светло на трагедијата, убавината и моќта која стои зад умот на еден од најголемите забавувачи на сите времиња – стои во најавата на филмот кој од 1 септември годинава е достапен на филмските платформи ширум светот.