Шпанските лекари открија уште еден симптом кој го забележале во најраната фаза на болеста кај пациентите заболени од коронавирус.
Иако споредните симптоми на Ковид-19 варираат од лице до лице, шпанските експерти сега ги истражуваат лезиите на стапалата кои се појавија кај некои пациенти во раната фаза на болеста.
Имено, во прашање се лезии кои потсетуваа на сипаници, се наведува во извештајот.
Како што наведуваат, во Италија, Франција и Шпанија бројни случаи на заболени биле пациентите со коронавирус кои имале лезии на нозете, за што сведочат дерматолозите.
Овој симптон посебно се издвојува кај тинејџерите и децата, но и некои возрасни исто така имале слични знаци на стапалата.
– Во прашање се виолетови лезии, мног слични како оние кај сипаниците и осипот кои обично се појавуваат на ножните прсти и нормално зараснуваат, не оставајќи трага – се наведува во соопштението.