Откако ја победи короната, Дејан Миличевиќ открива кој прв му се јавил и му понудил помош (ВИДЕО)

Популарниот режисер Дејан Миличевиќ се соочи со тешка состојба кога се разболе од коронавирус, по што искрено, во детали ја раскажа својата борба.

Тој на естрадата има соработувано со многу познати личности од јавната сцена, а сега откри кој прв му се јавил кога бил во болница.
– Ти благодарам за поддршката и довербата. Во текот на мојата борба со короната Цец Ражнатовиќ ми се јави и ме праша дали ми треба нешто. Благодарам упте еднаш. Те сакам засекогаш“, напиша Миличевиќ.
https://www.instagram.com/p/CDvqPloJvGr/
– Веќе две недели сум во болница. Едвај останав жив. Корона и воспаление на двете белодробни крила. Сега ми е малку подобро, и за седум дена излегува… Може на секого да му се случи, ја раскажа својата приказна Дејан Миличевиќ.
– Само оптимизам. Апелирам до луѓето да не се лажат со ноќни излегувања и лудувања по сплавовите, зошто вирусот е насекаде. Јас го закачив од другарка која ме бакнуваше зошто долго се немавме видено, а немаше поим дека има симптоми. Беше грозно, две недели температура и кислород, но благодарени на стручните доктори и медицински сестри од интерниот Б блок на клиниката Драгиша Мишовиќ мојот живот е спасен. Дури сега престојува опоравување и доведување во ред. Никаде без маски и нема повеќе од она нашето српско поздравување и бакнување, истакна Деки.
Инаку, Дејан Миличевиќ во 2018 година преживеа мозочен удар, а три години пред тоа заврши во болница кога мораше да ја оперира простатата и тогаш на сите кои боледуваа им даваше поттик и корисни совет за полесно да ја победат болеста.