Понекогаш славата може да биде и напорна
Пејачката Емина Јаховиќ е многу активна во последно време – покрај обврските што ги има како мајка околу синовите Јавуз и Јаман, таа не запира и со своите бизнис ангажмани.
Убавата пејачка е посветена на своите децата, меѓутоа, очигледно успева да ги заврши и сите свои обврски – пишува песни, и тоа го прави мошне интензивно во последно време, работи на својата козметичка линија и патува низ регионот бидејќи има многу закажани настапи.
https://www.instagram.com/p/BvMhsYbHG91/?utm_source=ig_embed
„Без спиење 24 часа, па потоа повторно на пат“ – напиша Емина на социјалните мрежи под една од нејзините последни фотографии. Таа под фотографијата доби бројни пофалби од своите фанови за својот добар изглед, но исто така и за напорот кој го вложува за да го држи својот живот под контрола, особено по разводот на Мустафа Сандал и раскинувањето со турскиот бизнисмен Садетин Саран.