Откако се преполови, Тамара целосно го промени имиџот и сега изгледа одлично – еве како пејачката ослабна 20 килограми!

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска не само што ја доведе својата линија во топ форма, туку и веќе подолго време успешно ја одржува.

И тоа е за секоја пофалба.
И покрај тоа што Тамара Тодевска и со вишок килограми изгледаше убаво и тоа не ја спречуваше да биде секогаш насмеана и весела, пејачката во еден момент реши да го доведе своето тело во форма и успеа во тоа.
Таа и претходно секогаш зрачеше со својата фантастична харизма и добро расположение, и речиси секогаш беше тип-топ средена од глава до пети и модерно облечена. Но познатата пејачка откако по втор пат се породи одлучи дека е време за големи промени и откако вредно работеше на својот надворешен изглед, ги изненади сите со резултатите со што покажа дека трудот секогаш вреди.
Таа сега кога и да се појави пред камерите или да објави фотографија на Инстаграм предизвикува бурни реакции.

Пејачката изгледа феноменално, а многумина се љубопитни и сакаат да дознаат која е тајната за нејзиниот добар изглед. Покрај добрата линија Тамара речиси секогаш не весели и со изборот на своите модни комбинации, а откако ослабна нема нешто што не и стои убаво.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии што ги објавува на Инстаграм, а нејзината широка насмевка ни зборува дека одлично се чувствува и дека е презадоволна и пресреќна во животот.

Посебно кога е во близина на своите најмили со кои исто така редовно споделува моменти со фановите.

Па ако се прашувате во што е тајната на нејзиниот сегашен добар изглед, покрај нејзините мајчински и работни обврски кои денес ја одржуваат во форма, популарната пејачка во една пригода го откри и нејзиниот рецепт.

Таа во една пригода на својот профил на социјалните мрежи се пофали дека успеала да ослаби дури 20 килограми. Таа на фотографијата носи тесни фармерки и маица, а во описот напиша дека успеала да намали и цели 17 сантиметри обем во струк, што навистина е за секоја пофалба.

Тамара постигна неверојатни резултати и тоа за кратко време откако по втор па се оствари во улога на мајка и го роди Дарен. Покрај него, таа ја има и ќерката Хана.

По напорните тренинзи, здравата исхрана и редовните третмани во козметичките салони таа повторно е во одлична форма, а тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Како што самата изјави во една пригода, покрај специјалниот режим на исхрана, во слабеењето и помогнаа и редовните тренинзи во теретана како и тоа што од менито потполно ги има исфрлено штетните намирници.









Па големо БРАВО за оваа посебна мама!