Откако многумина во Турција ја осудија заради вишокот килограми и цeлyлитoт, Шехерзад реши да направи драстична промена!
Фановите изненадени од новата одлука на Бергузар Корел
Познатата турска актерка ова лето објави неколку фотографии во костими за капење со кои предизвика реакции во јавноста.
Имено, многумина ја критикуваа убавата актерка Бергузар Корел заради зголемениот број на килограми, стриите и целyлитот што и останаа по бременоста, нешто што очигледно не помина незабележано и од нејзина страна.
Имено, таа сега реши да ги преземе работите во свои раце и да се реши од вишокот килограми, па се пофали на Инстаграм.
Во описот на својата фотографија Бергузар истакна дека најважна е волјата и дека секоја жена навистина сака да влезе во процесот на слабеење по бременоста, но и дека тоа е многу важно за здравјето и дека не е потребно да се грижите премногу за коментарите на другите. Шармантната актерка најави дека во наредниот период ќе споделува информациите на Инстаграм поврзани со нејзината диета, а во коментарите доби голем број пораки со поддршка од своите фанови.
Инаку, целата приказна започна кога преубавата актерка беше со семејството на море, па во една пригода објави неколку фотографии направени на јахта.
Но нејзината среќа и задоволство веднаш беше прекината од зли коментари, заради нејзиниот изглед.
Имено таа се породи само неколку месеци претходно и потполно е природно да изгледа токму така, но некои очигледно не се среќни заради тоа.
Како што наведуваат турските медиуми, Шехерад ја шокирала јавноста со вишокот килограми па доби критики од следбениците. Нејзиниот изглед посебно го осудија оние што сметаат дека како јавна личност веднаш треба да изгледа како воопшто да не се породила, додека голем дел од нејзините обожаватели смета дека тоа е невозможно.
Еве како ја поддржаа убавата актерка на Инстаграм.
„Во природа на секоја жена е да раѓа и нејзиното тело се менува за време на таквата состојба“, и порачаа тогаш нејзините верни фанови.
Погледнете како таа изгледаше тогаш: