ОСТРОШКИ МАНАСТИР: Свет ден за фамилија Ѓоковиќ – крштевка на децата на Ноле и Јелена (ФОТО)
Тара и Стефан изгледаат како од бајка облечени во бело за време на церемонијата.
Денеска е голем ден за фамилијата Ѓоковиќ . Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата јелена ,ги крстија своите деца Стефан(9) и Тара(6) во манастирот Острог во Црна Гора.
Традиционално, Ноле и прекрасната Јелена ја избира Црна Гора за место каде што ќе ги одбележи најважните моменти од семејниот живот. Со сопругата Јелена се венча во Свети Стефан, а сега ги крсти децата малку посеверно. Крштевањето го изврши српскиот патријарх Провериј.
Тара и Стефан изгледаат како од бајка облечени во бело за време на церемонијата. Новак разговарал со патријархот Порфириј, пред самата церемонија, пишува Мондо.рс.
Маркетинг
Впрочем, познато е неговото пријателство со Порфириј, а тој беше и на неговата забава минатата година, кога пееја заедно.
Новак многупати пред јавноста често-пати зборувал за тоа колку му значи верата, а последен пат детално зборуваше за тоа кога го освои УС Опен. Тогаш рече дека во најтешките моменти и во животот и во тенисот бара поддршка од Бога.
– Најискрено ќе кажам, од Бог и од ангелите чувари. Во оние моменти кога физички и материјално не можете да ги почувствувате нозете, земјата под вашите нозе се врти, небото над вашата глава, тогаш со верата што ја имаш се надеваш на божествена интервенција. Можеби нема да ми верувате, но ова ми се има случено многупати во кариерата. Се изненадив, ментално размислувајќи, како поминав преку тоа. Можно е ако верувате во Бог и ако верувате дека постои виша сила која ви помага. Го сфаќам тоа сериозно и верувам. Дефинитивно имаше божествено присуство – рече Ѓоковиќ.
Членовите на семејството и кумовите присуствуваа на големата церемонија.
Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингел на Острог, Илија Буха, кој во јавноста инаку е познат како голем фан на „Црвена ѕвезда“. Неговиот X профил набрзо бил избришан, но фотографиите останале.