Реклама
Вирално

Остана сама откако мажот ја остави заради Украинка што живеела во НЕЈЗИНИОТ ДОМ – сопругот веднаш се вљубил во неа!

Реклама

Повеќе ни не сакам да ми се врати!

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тони Гарнет (30) од Брадфорд ја остави својата сопруга Лорна (28) откако се вљуби во Софија Каркадим.

Софија е бегалка од Украина која заради војната во нејзината земја го напушти родниот Лавов и дојде во Англија.

Маркетинг

Таа беше примена во домот на Гарнет, а по само неколку дена Тони се заљубил во неа и ја напуштил сопругата и двете деца за да започне заеднички живот со новата девојка, пишуваат британските медиуми.

Фото: Принтскрин

Но нивната врска не траеше долго, така што Софија и Тони се разделиле по само четири месеци заеднички живот.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тони за медиумите изјави дека завршил со Софија откако во саботата со нoж го оштетила ѕидот во изнајмената куќа во која што живееле.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Му пречело и тоа што се мешала во неговиот однос со ќерките, па затоа и ги спакувал работите во црни вреќи.

Од друга страна, за неговата поранешна сопруга Лорна не постои никаква шанса повторно да се смират и порачува дека однапред знаела дека тоа ќе се заврши катастpoфално за нивниот брак.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Нејзините пријатели, пренесува „The Sun“, велат дека иако очекувале да се случи нешто такво, ова било пребрзо.

„Отфрли толку многу работи. Не може да ме види заради забрана за приближување и ги нема видено своите деца. Но тешко ми е да чувствувам било какво сочувство“, изјави оставената Лорна и на своите пријатели им кажала дека нема да го прими назад ни за милион години.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како што велат тие, таа била повредена од она што тој го направи, но решила да остане силна и фокусирана на децата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тони откако ја остави сопругата, пронајде нов дом со Украинката, но нивната љубов не траеше долго.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како што раскажува тој, инцидентот се случил на неговиот 30 роденден, кога Софија го оштетила ѕидот со нoж.

„Очигледно не поднесува aлкo-хол. Ми здодеа нејзиното ирационално однесување, не можам повеќе да го поднесувам тоа злocтавување и агpecија. Ја оставив Лорна и децата заради неа, вложив напори за да и’ помогна, сакав да останеме заедно. Знаев дека ќе испаднеме кретени ако раскинеме, па сега сите медиуми зборуваат за нас“, вели Тони и додава дека откако се разделиле постојано добива пораки од неа да се смират и дека го сака, но тој повеќе не сака да слушне за неа.

Кога решил да ги остави сопругата и децата, мислел дека е заљубен во неа, но за кратко време ја открил нејзината мрачна страна. Како што вели тој, таа бил нервозна и агpecивна, а кога во саботата вечерта го земала нoжoт и неколку пати го забoдeла во ѕидот, бил преплашен.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тони сега се кае што воопшто се впуштил во врска со Софија, но само сакал да и помогне, што завршило со дебакл.

Тој сега намерава да се обрати до локалните власти или Министерството за внатрешни работи надевајќи се дека тие ќе и најдат сместување. И тој самиот наскоро ќе треба да бара нов дом, а по она што му се случило со Софија повеќе не сака да има никаква работа со бегалците од Украина.

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

 

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

Фотографија на Софија Каркадим од Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button