Оригинална маска – погледнете во што сѐ маскираше Костадинов на струмичкиот карневал
Познатиот политичар го испочитува настанот и тој се маскираше.
Костадинов се прошета маскиран низ улиците на Струмица за време на карневалот.
На 17 октормври 2021 година за градоначалник на Струмица беше избран Костадин Костадинов.
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
Костадин е ативен на социјалните мрежи, каде освен професионални објави, честопати споделува фотографии и со своето семејство и најблиските.
Неколку пати досега има споделено и фотографии со својата сакана.
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
Викендов го изненади следбениците со фотографии од струмичкиот карневал.
Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери.
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
По овој поод Костадин се макираше во Наполеон Бонапарта.
Насмеан и среќен, Коста се прошета по улиците.
„Колку е убаво барем еден ден во годината да бидеш тоа што не си. Со такво чувство и во друштво на извонредни гости од повеќе европски земји ја поминав оваа магична ноќ.
Позитивна енергија со многу смеа и добра музика, весело, разиграно, преубаво. Уште едно прекрасно доживување кое ќе се памети и прераскажува“, напиша Костадинов во опис на фотографиите.