Оние што везден мрчат можат само да и завидуваат на Турунџиева – вакво тело немаат ни тинејџерките
Водителката се соблече во костим за капење, многумина можат само да и завидуваат на изгледот
Блеска во секое свое издание
И покрај тоа што пред неколку месеци го прослави својот 55-ти роденден, нашата позната писателка, водителка и пејачка, Сузана Турунџиева, повторно им одржа лекција на многумина, а посебно на мрчаторите, кога се во прашање фотографии направени на плажа.
Имено, таа се соблече и позираше во костим за капење, а на ова нејзино издание можат да и завидуваат и многу помлади колешки.
Но Турунџиева нема никакви комплекси што досега милион пати и го покажала, а сега тоа го направи дури и со пораката.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Покрај тоа што привлече внимание со својот беспрекорен изглед, таа сподели и една порака со која ги воодушеви сите.
„Може секој да се обиде да те оцрни, повреди, критикува, обезвреднува… Може дури и да те обвини за нешто за кое немаш никаква одговорност…“
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
„Може да те осудуваат, презираат, провоцираат… НАЈВАЖНО ОД СЕ е да останеш мирен и да веруваш во себе, но и да ја знаеш СОПСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ, притоа никому недопуштајќи му да ти ја намали вредноста и да те ‘купи’ на распродажба…“, пишува Турунџиева истовремено покажувајќи како изгледа во костим за капење.
Таа за оваа пригода избра дводелен модел во розова боја, истакнувајќи дека изгледа неверојатно и во шестата деценија.
Како сето тоа изгледаше и како оваа прекрасна дама си ги минува топлите летни денови, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Не заборавај дека треба да живееш
Прочитајте уште неколку пораки што Турунџиева ги пишува под секоја од своите објави на социјалните мрежи…
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
„Твојот страв не ја спречува твојата смрт, но СИГУРНО го спречува твојот живот! НЕ ДОЗВОЛУВАЈ , од страв да не умреш, да заборавиш дека треба да живееш!“, пишува Турунџиева под своите фотографии.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Еве уште неколку моќни пораки:
„Кога ќе го пронајдеш тоа НЕШТО, не го менувај за ништо! Бидејќи тоа НЕШТО може да ти стане СЕ, а да го изгубиш за НИШТО…“
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Немој да дозволиш да заборавиш на себе заради некој кој заборавил на тебе…
Посетете го профилот на Турунџиева тука >>