Она што и се случи на Анета Молика во Австралија ги изненади сите МАКЕДОНЦИ! Пејачката воодушевена, мораше да се пофали!
Анета Молика ги воодушеви сите Македонци со една своја објава.
Македонците се распространети насекаде по светот, а објавата на Анета е доказ за тоа.
Групата Молика долги години опстојува на македонската музичка сцена и се едни од најдобрите, а тоа се должи на ангелскиот глас на Анета. Човек не може да остане рамнодушен на нејзиното пеење.
Анета со својата песна успева да ги разбуди најдлабоките емоции кај секој кој ја слуша.
Освен во Македонија, Молика се барани и надвор од нашите граници, особено во дијаспората. Нашинците по светот ја обожаваат Анета.
Се чини дека не постои песна, а ниту жанр на музика кој не ѝ лежи.
Повеќе од 25 години настапува со групата „Молика”, па токму затоа и народот ја препознава како Анета Молика.
Анета својата кариера ја гради само со многу труд и работа. Никогаш не била дел од некаква скандали, ниту па за неа ќе прочитате некаква негативна вест.
На социјалните мрежи често се споделуваат и снимки од нејзините настапи на балканските телевизии, каде сите ги остава со подотворени усти.
И нејзиниот сопруг, Џими Мицевски е дел од „Молика” и тие се вистински пример дека парови и тоа како успешно можат да пловат во брак иако ја имаат истата професија.
Во брак се 18 години, а претходно биле 1 година во љубовна врска.
Во едно свое интервју пејачката кажа дека нивната љубов е цврста и силна како и првиот ден.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Моника, која убавината ја има наследено од својата мајка. Иако е доста талентирана за музика, таа сепак одбрала медицината да биде нејзина професија.
Молика изминатиов период имаше настапи во Австралија, каде направија вистински „бум“.
На летот од Сиднеј кон Мелбурн тие се возеа во авион, со екипаж составен од Македонци.
Македонците се распространети насекаде по светот, а објавата на Анета е доказ за тоа.
Пејачката гордо сподели фотографии од нивното патешствие.
„Колку нѐ има? Македонски екипаж во REX airlines Австралија. Благодариме за преубавиот лет од Сиднеј до Мелбурн и поздрав специјален до Жаклина Домазетовска“.
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика