„Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум“
Царот Соломон е симбол за мудрост во историјата на човештвото.
А, неговите цитати ќе ве научат кои се најважните работи во животот и што е она кон кое навистина треба да тежнеете и да го остварите.
„Мудриот син го радува татко си, а безумниот нема почит кон мајка си.“
„Помислите на лошите се одвратни пред Господ, а зборовите на непорочните Му се угодни.“
„Светол поглед срце радува, добра вест коски храни“.
„Господ е далеку од безбожните, но ја слуша молитвата на праведните.“
.„Подобро мала печалба со правда, отколку голема добивка со неправда.“
„Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.“
„Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.“
„Гневот е суров, а бесот незадржлив, но кој може да издржи пред љубомората?“
„За секој кој се придружил на живите, има надеж.“
„Омразата покренува конфликти, но љубовта ги покрива сите гревови.“
„Дознав дека мудроста е подобра од глупоста, како што светлината е подобра од темнината. Глупоста ве остава во мракот. Но, мудар или глупав, сите на крајот ќе завршиме исто… сите ќе умреме и за кратко ќе бидеме заборавени.“
„Дури и во смеа срцето е тажно и на крајот на секоја радост има тежина.“
„Гордоста оди пред уништувањето, вообразеноста пред падот.“