Реклама
Наши ѕвезди

Омилената водителка позираше на плажа, овој детаљ на нејзините згодни нозе збуни некои фанови

Нашата позната водителка во најубавиот костим за капење што сме ја виделе досега

Реклама

Водителката во најубавото издание за ова лето

Познатата водителка Лила Филиповска која многумина обожаваат да ја гледаат во „Сé или нешто“ ги изненади своите фанови на Инстаграм.

Шармантната водителка на споменатата социјална мрежа објави неколку нови фотографии на кои позира во костим за капење и ги воодушеви сите со својот феноменален изглед во шестата деценија.

Маркетинг

Таа едноставно блескаше во ова свое издание, а многумина во коментарите и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Немам ниеден комплекс, а баш би сакала да имам еден на море“, напиша Лила, по што следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед. И додека едни беа воодушевени од тоа како изгледа познатата водителка во ова свое провокативно издание, на други пак во фокусот им беше преубавиот костим за капење што го носеше Лила.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, атрактивната водителка за оваа пригода избра едноделен костим за капење со неодолив леопард дезен, а целото издание го зачини со шешир и високи потпетици.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Но токму високите потпетици беа и причина некои да се осмелат и да ја прашаат зошто носи штикли на плажа.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Со штикли по купачи?!“ забележа во коментарите една дама, но Лила очигледно сака и на плажа да биде стилизирана.

Таа е жена која секогаш води сметка за својот изглед, па така и ова не е исклучок, и на овој начин максимално стилизирана мами воздишки каде и да се појави, во секое издание.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Овој пат покрај сандалите со штикли и феноменалниот костим за капење во кој изгледаше како милион долари, таа тоа го направи и со сламениот шешир и стејтмент чантата што ја држеше во рацете.

Па, што велите за ова издание на Лила?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button