Оксфорд излезе со важно откритие за короната: Повеќето луѓе се заразни само една недела, а тестовите покажуваа нешто сосема друго
Ново истражување спроведено во Велика Британија покажа дека тестовите за коронавирус се толку чувствителни што можат да откријат траги од неактивни вирусни инфекции кои поминале пред повеќе недели, што би можело да резултира со лажно позитивни резултати кои го зголемуваат размерот на пандемијата, пишува Би Би Си.
Научниците од Универзитетот Оксфорд велат дека повеќето луѓе се заразни само недела дена, но дека тестовите може да покажат позитивен резултат и недели после тоа, што значи дека бројот на моментално заразени би можел да биде помал отколку што се смета.
Еден од авторите на студиите, префесорот Карл Хенеган смета тестовите на ковид-19, наместо резултатот „позитивен/негативен“, мора да имаат и праг кој нема да покажува позитивен резултат ако вирусот е присутен во многу мало количество.
Се верува дека остатоците од деловите на неактивни вируси би можеле да појаснат поради што во Велика Британија моментално расте бројот на заразени, додека бројот на пациенти во болниците стагнира.
Центарот за применета медицина при Универзитетот во Оксфорд истражувал наоди од 25 студии со кои анализирал дали примероците од вирусот може да се развиваат во петриев сад во лабораторија.
ПЦР тест
Овој метод на „одгледување на вирусот“ во лабораторија може да покаже дали позитивниот резултат на тестот ќе открие активен вирус, оној кој може да се разможува и шири, или само фрагменти од вирусот кои не можат да се размножуваат ниту во човечки организам ниту во лабораторија.
Овој проблем е познат од почетокот на избивањето на пандемијата и уште еднаш укажува на тоа во колкава мера податоците за ковид-19 се далеку од совршени.
ПЦР тестот со земање на брис е стандардна дијагностичка медтода при која се користат хемикалии со чие делување се зголемува генетскиот материјал на вирусот за да може тој понатаму да се проучува. Примерокот поминува неколку „циклуси“ во лабораторија пред да се добие доволно количество вирус за тестирање.
Бројот на циклуси би можел да биде начин да се открие колку вируси всушност се носат во себе, односно дали се работи за мали остатоци или не. Кај тестовите кои мора да поминат повеќе циклуси помала е веројатноста дека вирусот ќе се репродуцира кога се одгледува во лабораторија.
Лажно позитивен резултат
Кога се прави тест на коронавирус се добива одговор „позитивен/негативен“. Притоа нема показател колку вирус има во примерокот и во колкава мера тој е активен.
И лицето кое во себе има големо количество вируси и она кај кое се останати само фрагменти од вирусот од инфекција која веќе поминала ќе добија ист – позитивен резултат.
Професорот Хенеган, кој за забележал грешката во начинот на кој се евидентираат смртните случаи, што го наведе Институтот за јавно здравство на Англија да го подобри системот, вели дека докази упатуваат на тоа дека „заразноста на коронавирус, изгледа опаѓа после отприлика недела дена“.
Со оглед на тоа дека не е можно да се провери секој тест за да се утврди дали постои се уште активен вирус, веројатноста од појава на лажно позитивни резултати би можела да се намали кога научниците би откриле каде би требало да се постави прагот, а на тој начин би се спречило луѓето да собијат позитивен резултат врз основа на податоците од прележана инфекција.
Професорот Хенеган вели дека така би се намалил и бројот на лица во строга изолација, како и непотребно следење на нивните контакти, а би се овозможило и подобро разбирање на моменталната состојба на пандемијата.
„Не се заразени“
Тој вели дека се повеќе докази има според кој најголем број од „новите“ поблаги случаи и луѓето кои се повторно позитивни после карантинот или отпуштањето од болница, не се заразни, туку дека од нивниот организам едноставно се отстрануваат безопасните честици од вирусот со кои нивниот имунолошки систем успешно се справил.
Институтот за јавно здравство на Англија соработува со лабораториите на тоа да се намали ризикот од добивање на лажно позитивни резултати, као и на одредувањето на вредноста која ќе укаже на прагот. Но со оглед на бројните видови тестови, кои покажуваат различни податоци, тоа е тешко изводливо.
Професорот Франчесто Вентурели, епидемиолог од италијанскиот регион Емилија Романа, кој во март беше тешко погоден од пандемијата, вели дека „не е потполно сигурно“ колку долго трае заразноста од вирусите после опоравувањето на пациентот.
Некои студии укажуваат на тоа дека вирусот кој се реплицира е присутен во 10 отсто од пациентите и осум дена по заразата.
Во Италија, која врвот на епидемијата го проживеа пред Велика Британија „со недели се преценувал бројот на случаи“ зошто луѓето кои се заразиле неколку недели пред тоа и натаму се регистрирани како позитивни, вели Вентурели.
Но тој феномен слабее со израмнувањето на кривата на епидемијата.
Професорт Питер Опеншо од лондонскиот Империјал Колеџ вели дека некои ПЦР тестови се „многу чувствителни на детекција на остатоци на вирусниот генетски материјал“ и додава дека „тоа не е доказ за нивната заразност“.
Додава дека во склад со клиничкиот консензус „после 10 дена се намалува веројатноста дека пациентот е заразен“.