Од синот на Мијалков до најпознатата турска актерка Ебру Шахин – најромантичните моменти за 2022 во Македонија (фото)
По ситуацијата со короната кога сите бевме во карантин и кога свадбите беа забранети, оваа година помина сосем поинаку.
Како дојде пролетта започна и свадбената еуфорија која не ги заобиколи ни припадниците на естрадата во нашата земја.
Многу парови оваа година се заколнаа на вечна љубов, а меѓу првите што оваа година застанаа на лудиот камен и чија свадба беше вест во медиумите се синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван. Тој претходната година ја запроси својата сакана Јана, а свадбата беше во февруари.
Невестата наместо традиционален бел фустан носеше розов со долги ракави, со панделка на својот бремен стомак.
Оваа година на вечна љубов се заколнаа и синот на Драган Спасовски Дац, Јаков, и неговата сакана Софија.
Младиот пар по врска од една година реши да застане на лудиот камен, а за необичната венчаница на невестата со денови се зборуваше.
Свадба за која исто така многу се зборуваше ова лето беше и онаа на убавата спортска новинарка Јана Серифимова.
Таа изгледаше прекрасно во венчаницата од македонската дизајнерка Антонија Ристовска, а на свадбата имаше многу познати личности.
Во прашање беше поприлично смела креација зачинета со длабок шлиц и раскошна тантела во горниот дел, која совршено се вклопи со елегантните сандали со високи потпетици и со преубавата руса коса на Јана.
Големо внимание во јавноста привлече и свадбата на познатата турска актерка Ебру Шахин и Џеди Осман.
Кошаркарот Џеди Oсман кој игра за НБА тимот Кливленд Кавалирсе и за репрезентацијата на Турција, и Ебру Шахин што ја игра Акиз во новата хит турска серија „Дестан“, нивната врска ја започнаа пред околу две години, а ова лето, покрај Охридското Езеро, се заколнаа на вечна љубов.
Познатата турска актерка и кошаркарот го привлекоа вниманието на јавноста со својата среќа, а се венчаа на интимна церемонија на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и членови на семејството.
Оваа година исто така на вечна љубов се заколнаа и познатата водителка Елена Стефановска и нејзиниот избраник Бојан Најдоски. Тие направија раскошна свадбена церемонија во хотелот Хилтон во Скопје, а фотографиите што ги објавија на социјалните мрежи сите ги воодушевија.
И за свадбата на синот на Сашо Мијалков долго време се зборуваше во медиумите.
За крај не смееме да ја изоставиме свадбата на Марија Груевска за која пишуваа и медиумите во регионот.
Македонската Гранд ѕвезда блескаше во својата венчаница, а како изгледаше погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска