Драгана Мировиќ е во изолација во нејзиниот дворец во Виена.
Таа од таму преку неколку фотографии на социјалните мрежи и им порача на фановите да се чуваат.
„Изолација, чувајте се и бидете ми добро. Ве сакам. Благодарам на поддршката и убавите зборови“ напиша пејчаката покрај фотографиите.
Некои од најдобрите светски експерти кои го следат ширењето на коронавирусот предвидуваат дека поголемиот дел од Европа за неколку недели може да се соочи со нагло зголемување на зара3ени и дека ги очекува „италијанско сценарио“.
Слично сценарио би можело да се преслика и во САД, но предвидувањето е отежнато поради недоволно распространетото тестирање.
Ирски лекари преку писмо предупредија дека нивната земја е точно 14 дена по Италија. Дирк Брокмен, професор од еден берлински универзитет кој се занимава со 3аразни болести, за германскиот институт Robert Koch рече дека перцепцијата на бројот на потврдени случаи во одредени моменти може да биде погрешна.
Истражувањата на овој епидемиолог покаживааат дека инфекцијата, доколку не се контролира, може да се дуплира на секои пет дена, а заразените во просек може да го пренесат вируcот на околу 2,5 луѓе. Тоа значи дека земја како Шпанија за еден месец би можела да има 25.000 3аразени.