Реклама
Вирално

Од Русија стигна одлична вест: Сите го чекаа ова, а ќе се случи во август – тукушто го објавија ова

Реклама

Русија прва во светот во август ќе започне масовно производство на вакцина против коронавирус која ја разви институтот „Гамалеј“, а како што најави директорот на рускиот Фонд за директни вложувања Кирил Димитриев, до крајот на годината може да произведе 200 милиони дози.

Испитувањето на првата вакцина во светот против коронавирус врз доброволци на Сеченовски универзитет во Русија веќе се успешно завршени, а целта на оваа етапа од испитувањето беше да ја потврди безбедноста на вакцината по здравјето на луѓето и тоа е направено.

Маркетинг

Според зборовите за Димитиев, на пазарот прво ќе се појави вакцина базирана на аденовирус, која официјално ќе биде одобрена во септември, а вакцината заснована на новата технологија мРНК најрано ќе се појави следната година, зошто е потребно да се испита нејзината безбедност.

Маркетинг

Димитриев проценува дека следната година ќе бидат произведени повеќе од три милијарди дози вакцини, засновани на аденовирусни вектори, што ќе му овозможи на светот ефикасно да се бори против коронавирусот, пренесува Спутник.

Виталиј Зверев, академик на Руската академија на науките, доктор на биолошки науки и научен директор на Институтот за вакцини и серуми „Мечников“, објаснува дека коронавирусот сега кружи меѓу човечката популација и дека повеќе од 200 земји се соочија во оваа болест, но и дека заболеле околу 10 до 20 отсто, додека сите останати носители на вирусот и повеќе од половина од населението нема никави симптоми.

Зверев смета дека успехот на лекувањето на коронавирус не треба да се поврзува со создавање на вакцина и предупредува дека со вакцината не треба да се брза зошто ќе има пропусти, напоменувајќи дека во вообичаени околности на вакцина се работи четири до пет години.

Тој процес, како што вели, може да се забрза со отстранување на некои бирократски бариери, но и тука не треба да се брза, зошто и таа бирократија, која постои го години и децении, е оправдана.

Најважно е, истакнува вирологот, вакцината да биде ефикасна и да нема несакани ефекти.

Тој напоменува дека прототипот на вакцината може и во лабораторија да се направи за неколку месеци, но не невозможно да се провери за половина година или година.

Многу лаборатории и институти во светот влегоа во жестока трка околу создавањето вакцина која ќе го победи ковид-19, зошто тоа меѓудругото, за секоја земја – производител создава престиж, но и профит.

Само Русија работи на околу 47 вакцини, а три прототипови на руската вакцина против коронавирус ја покажаа својата ефикасност.

Освен во Русија, вакцината против ковид-19 се испитува и во САД, Кина, Јапонија, Сингапур и во неколку европски земји.

Во светот се развиени 141 прототип од вакцината, а има информации дека се работи за значително повеќе проекти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button