Од препоните до меѓуножјето – Беквалац се пофали со тетоважата на „незгодно“ место
Познатата пејачка неодамна на социјалните мрежи го покажа своето ремек-дело што го има на интимно место.
Пејачката Наташа Беквалац е позната како некој што сака да експериментира со својот имиџ. Таа има и неколку тетоважи на телоto, а на социјалните мрежи неодамна можевме да видиме како изгледа големата тетоважа на нејзините колкови која се простира се до меѓуножјето.
Тетоважата многу им се допадна на нејзините обожаватели што ја следат на оваа популарна социјална мрежа, па за кратко време беше награден со повеќе од 1о илјади лајкови и мноооогу позитивни коментари.
Но бидејќи носи костим за капење за жал не можеме да видиме како изгледа целосно цртежот кој претставува лебед со раширени крилја.
Можеме само да претпоставиме …
Покрај оваа тетоважа Наташа има и мал цртеж на рацете. Најпрво на тоа место ја имаше истетовирано буквата „Д“, почетната буква на нејзиниот поранешен сопруг Данило Даче Икодиновиќ, а потоа во 2014 година реши да ја прекрие со нова тетоважа – цвет од цреша.
Покрај овие две тетоважи Ната има и една на вратот.