Од неа ја наследила убавината – исплови досега невидена фотка со Цеца Ражнатовиќ и нејзината мајка, сличноста е преголема
Изгледаат како близначки, а не како мајка и ќерка
Цеца ретко споделува моменти од својот приватен живот
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ својата кариера веќе долго време ја гради успешно со добри песни.
Таа се обидува колку што може својот приватен живот да го држи што подалеку од очите на јавноста, но како една од најпопуларните пејачки во регионот тоа за неа е речиси невозможно. Па така и овој пат на еден профил на Инстаграм (ЦецаМоментс) „исплови“ фотографија од нејзината младост на која позира со својата мајка.
„Иста мајка“, „Прекрасна жена“, „Преубави сте“, беа само дел од коментарите што обожавателите ги оставија под фотографијата.
На фотографијата Цеца и нејзината мајка Мира се облечени во црно и се со кратки коси, а она што исто така не можеше да помине незабележано кај обожавателите е и насмевката на Цеца по која таа и денес е препознатлива.
Поминаа децении откако е направена оваа фотографија, но она што не минува е харизмата и убавината на Цеца!
Цеца често истакнува дека нејзините родители за време на кариерата и давале поддршка и секогаш биле покрај неа.
Иако не ги гледаме често во јавност, пејачката неодамна и самата објави една фотографија на својот профил на Инстаграм на која позира со својата мајка Мира.
И на оваа фотографија сличноста помеѓу мајката и ќерката може да се забележи на прв поглед, па сега е повеќе од јасно од кого популарната пејачка ја наследила убавината.
„Мама“ – напиша Цеца тогаш во описот на фотографијата.
Инаку, Цеца уште како млада девојка го напушти семејниот дом и започна да ја гради својата музичка кариера.
Еве уште неколку фотографии од нејзината младост…
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин