Реклама
Наши ѕвезди

Од келнер во Белгија и борба со депресија, до мега ѕвезда – Мики и сé е можно, а оваа жена е виновна за се

Мики Секуловски ги воодушеви сите, а од неговиот талент беше изненадена и Цеца

Реклама

Мики Секуловски откако се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ животот потполно му се промени.

Тој додека се натпреваруваше беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ за која во неколку наврати ќе изјави дека е една извонредна жена и вистински професионалец во работата, а пред неколку недели публиката беше изненадена и од нивниот заеднички настап во Битола.

Имено, балканската фолк-дива имаше концерт во еден клуб во Градот на конзулите, па го покани Мики да и биде гостин.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И за овој нивен заеднички настап се уште се зборува, а снимки од истиот објави и Цеца на својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг

Мики потоа го одржа и својот прв концерт во Велес, каде специјални гости му беа Андријана Петрушовска и Омар Џаферовски со кои заедно се „бореше“ во „Ѕвездите на Гранд“ како и Лина Пејоска.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики тогаш направи вистински спектакл, а во интервју за Гранд најави дека работи и на своја нова песна.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Неговата мајка е главната „виновничка“ што Мики сега повторно е голема ѕвезда

И секако дека ништо од ова немаше да се случи доколку тој не се појавеше во „Ѕвездите на Гранд“, а го пријави неговата мајка.

Тој во една пригода самиот откри дека по смртта на татко му паднал во тешка депресија, а откако ја послушал својата мајка која го убедила да се пријави во популарното шоу ситуацијата потполно се променила.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики во шоуто го освои високото второ место и ги воодушеви сите со својот беспрекорен глас и енергија што ја има на сцената.

Инстаграм/ Мики Секуловски

По неверојатниот успех му се отворија многу врати, така што ова лето го минува работни и речиси нема слободен ден.

Инстаграм/ Мики Секуловски

На неговите настапи секогаш е весело и сите ги пеат песните со него, а со својата појава им го привлекува вниманието на многу дами.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Но како што самиот неодамна откри, во неговиот живот се уште не се појавила вистинската, иако е преплавен од љубов.

„Имам љубов од публиката, но приватно нема. Има многу девојки што ми се допаѓаат, но сакам да ги запознаам, а тоа се уште не се случило“, изјави Секуловски неодамна за „Гранд.онлајн“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button