Од 220 одземете го бројот на вашите години: Познат кардиолог со ВАЖЕН СОВЕТ – ова сите треба да го знаат
Вежбањето во теретана е главно добра идеја, но со оглед дека вежбањето го троши организмот, а напорните вежби го зголемуваат ризикот од срцев удар и застој на срцето, неопходно е да вежбате умерено и да правите чести паузи.
Кога станува збор за тренинг, проф. д-р Петар Оташевиќ, специјалист по интерна медицина со специјализација за кардиологија и вонреден професор на Медицинскиот факултет во Белград, в разговор за МОНДО изјавил дека апсолутно препорачува вежбање, но дека претходно е потребно да се направат поедини здравствени проверки, во случај лицето да е во средни или постари години.
„Вежбањето е нешто што ние лекарите го препорачуваме на сите, покрај избегнување на брза храна и генерално секоја храна која содржи голема количина на масти, шеќери или јаглени хидрати.
Препорака се редовни вежби во траење до 150 минути неделно, но тоа не мора да биде нужно тренинг во теретана, туку било кој вид физичка активност по сопствен избор, како што е прошетка, брзо одење, трчање, возење велосипед итн“, наведува докторот.
Сепак, советува дека е потребна внимателност и претходна контрола, ообено кога станува збор за популацијата во средните години.
„Доколку сте во средни години, пред да се одлучите за вежбање, особено ако планирате да одите во теретана, добро би било да проверите каква е вашата општа здравствена состојба, односно да направите еден кардиолошки преглед кој подразбира проверка на крвниот притисок, лабораторија, ЕКГ и ултразвук на срето, за да утврдите дали вежбањето е безбедно за вас и со кое темпо треба да вежбате“, советува експертот.
Пресметајте ја максималната срцева фрекфенца
Кога станува збор за кардио спортови и вежби како што се трчање, пливање и возење велосипед или пак прескокнување на јаже, кои ја зголемуваат вашата издржливост, соговорник истакнува дека тие имаат позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем. Освен тоа кардио вежбите помагаат во трошење на калориите, што е добро за телесната тежина.
Кардио тренинзите имаат бројни позитивни влијанија и им се препорачуваат на сите, под услов интензитетот да го прилагодите на својата кондиција и општа фиичка состојба. Во прашање се аеробик вежби кои всушност ја зголемуваат нашата издржливост, а притоа ги размрдуваат сите наши мускули, па и срцето. На тој начин, се троши повеќе кислород и доаѓа до топење на наталожените масти“, објаснува лекарот кој уште еднаш нагласил дека поедини старосни групи мораат да го проверат своето здравје пред да се одлучат да започнат со вежбање.
Од друга страна, генерален совет на експертот е да водите сметка колку брзо ви работи срцето.
„Не би требало да оди над максималната срцева фрекфенца, која се пресметува така што од бројот 220 ќе го одземее бројот на вашите години. На пример доколку имате 50 години, кога од 220 ќе одземете 50 доаѓаме до заклучок дека срцето не смее да ви чука побрзо од 170 удари на минута, односно дека тоа е максималната горда граница“, нагласува лекарот кој посочува дека што е човек постар толку помала ќе му биде срцевата фрекфенца.