Од 1 јануари 2020 година во Нови Сад градинките ќе бидат бесплатни
Градоначалникот на овој град во Војводина, Милош Вучевиќ, најави дека сите трошоци за децата кои се во градинка комплетно ќе ги сноси градската управа, па родителите нема ништо да плаќаат.
Престојот на околу 16.500 деца во градинките во Нови Сад ќе бидат потполно финансирани. Сакаме на тој начин да помогнеме во политиката на зголемување на наталитетот, изјави Вучевиќ. Тој потсети дека државата издава пари за вонтелесно оплодување, најавува изградба на станови за млади брачни парови по повластени цени, но и дека како локална самоуправа сакаат да се вклучат и да допринесат така што родителите ќе ги ослободат од овие давачки.
Па големо БРАВО за оваа генијална одлука што доаѓа од нашето соседство.