Вести

Од 1 декември се враќа дневната евтина тарифа на струјата – Еве за колку ќе се намалат сметките на граѓаните!

Advertisement

Според Марко Бислимоски, до крајот на овој месец, односно најдоцна до понеделник или вторник, ќе биде донесена одлуката за цената на парното греење во Скопје.

„До крајот на месецот, најдоцна до понеделник или вторник, ќе ја донесеме одлуката за цената на парното греење во Скопје бидејќи е исполнето она на што инсистиравме и што го баравме четири месеци, почнаа активности за санација на мостот ‘Беласица’ во Скопје“, рече Бислимоски.

Advertisement

фото фејсбук

Уверуваше дека нема да се дозволат ценовни шокови.

„Нема да дозволиме никакви ценовни шокови, вообичаено има инфлација, зголемени трошоци за набавка на одредени материјали. Постапката за определување на цената на парното ќе ја продолжиме со податоците од компаниите што ги добивме во јуни.

фото фејсбук

Дополнително, во текот на вчерашниот ден побаравме одредени ажурирани податоци за трошоците за набавка на природен гас бидејќи се поминати веќе три месеци. Тоа го направивме со цел да имаме поточна и попрецизна одлука“, прецизира тој.

Вообичаено, како што оценува, има инфлација, зголемени трошоци за набавка на одредени материјали, но најголемиот трошок, според него, се однесува на цената на природниот гас и на топлината што треба да се набави од ТЕ-ТО.

фото фејсбук

„Во најголем дел при носењето на одлуката за цената ќе бидеме концентрирани токму на овие трошоци. Со оваа одлука треба да се врати и заемот што го даде Владата во јануари 2022 година.

Дали заемот ќе го вратиме одеднаш или на одреден период зависи како ќе изгледаат резултатите за крајната цена, нема дозволување ценовни шокови“, појасни Бислимоски.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека дневна евтина тарифа ќе стартува од 1 декември годинава.

Фото Илустрација

Електродистрибуција има рок од неколку месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.

„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на сите домаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот.

Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила.

Фото Илустрација

Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање и соодветниот софтвер“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на трошоците на енергетските компании , РКЕ ги донесе следните одлуки:

“Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54% и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ.

Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стартуваат со услугата уште на 1 декември.

Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ.

Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button