ОГРОМНА ТАГА – Почина познатиот актер (50), семејството скршено од болка

На 50 годишна возраст, како последица на срцев удар почина актерот Тајлер Кристофер Бејкер, најпознат по улогите во сериите „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“.
Веста за неговата смрт на својот инстаграм-профил ја објави неговиот колега Морис Бенард.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека почина Тајлер Кристофер. Тајлер почина утрово по срцев удар во неговиот стан во Сан Диего.
Тајлер беше навистина талентиран поединец кој го осветлуваше екранот во секоја сцена што ја изведуваше и уживаше да им донесе радост на своите верни обожаватели преку својата глума. Тајлер беше слатка душа и прекрасен пријател за сите оние што го познаваа“, напиша Морис.

Покрај улогата во „General Hospital“, Тајлер, работеше и на „Days of Our Lives“ помеѓу 2001 и 2019 година, добивајќи номинација за наградата „Еми“ за главен актер во драмска серија за неговата изведба како Стефан ДиМера.
Тој се оствари и во неколку улоги во филмовите „Shouting Secrets”, „Out of the Black”, „Max Winslow and the House of Secrets”, „Murder, Anyone?” and „Beyond the Lights.”
Тајлер Кристофер Бејкер на јавноста и е познат по улогата во серијата „Општа болница“ во која глумеше од 1996 до 2016 година.

Главната улога во оваа серија му донесе „Еми“ награда за најдобар актер, како и многу други номинации.
Тајлер Кристофер зад себе ги остави синот Грејсон и ќерката Бохеми и имаше два брака.
Пред две години тој се разведе од репортерката Бриен Педиго, а малку е познато дека неговата прва сопруга беше познатата актерка Ева Лонгорија, со која се раздели во времето кога почна да се емитува нејзината серија „Очајни домаќинки“ која и донесе светска слава

Како што еднаш кажа, нивната врска многу се променила додека не помислиле дека треба да остареат заедно.
– Излегувавме заедно, потоа бевме пријатели, а потоа пак почнавме да излегуваме заедно – изјави Тајлер во едно интервју.
Одлуката да се венчаат ја донеле сосема ненадејно, а судбоносното „да“ го кажале во Лас Вегас во 2002 година.
Сепак, набрзо излегува дека тие не се сакаат доволно за да бидат подготвени на компромис.
– Да се биде во брак беше потешко отколку што мислевме. И двајцата имаме навики од кои не сакавме да се откажеме – признала Ева во едно интервју.
Само две години подоцна, Ева и Тајлер решија да се разделат, а потоа со години не го коментираа нивниот развод. Сепак, актерката подоцна истакна дека нема лоши зборови да каже за поранешниот сопруг.
Тој беше во брак со Ева Лонгорија од 2002 до 2004 година.




