Реклама
Вести

Овој македонски политичар 7 години ја донира својата плата во хуманитарни цели

Реклама

Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест – плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели.

Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава особени придонеси низ спортот во град Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК Фени Индустри, Џудо клубот Кожувчанка, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и многу други.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани,помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава, особено во град Кавадрци со повеќе донации како реконструкција на прозорци и апарат за ЕКГ во Здравствен дом Кавадарци и амбулантно возило Мерцедес за општата болница во град Кавадарци.

Маркетинг

Митко Јанчев е особено горд на укажаната чест и привилегијата Претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци каде исто се појавува и како еден од поголемите донатори на светиот храм. Има донирано и во образованиетоо Еден од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци, како и Интелигентна табла во Гимназијата „Добри Даскалов“.

Маркетинг

Еден од проектите кој јасно потврдува дека е поборник за подобро општество е и основањето на противпожарната служба која има за основна цел да помага при незгоди.

Градоначалникот Митко Јанчев преку општествено одговорните компании Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани од 2022, 2023 и дел од 2024 година.

Вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.

Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде.

Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно.

Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button