Бои што ќе бидат хит во 2019
Според модните гуруа постојат многу причини поради кои треба да и се радуваме на новата зимска сезона– во мода се тренди, удобни капути на кои не може да им одолее ниту една жена, кашмир, стејтмент накит, шик вечерни парчиња и каубојски чизмички. Но според институтот за бои Пантон нашите радости нема да престанат ни во пролетните месеци кога не чекаат нови модели во бои кои едвај чекаме да ги пробаме. Според нив во следниве месеци ќе владеат неколку бои, а на тронот ќе биде коралната која е прогласена за боја на 2019.
Eве ги боите што според Пантон ќе ги носиме во 2019:
I. ЗАГАСИТА РОЗОВА
https://www.instagram.com/p/Bpy7nxTAbaj/?utm_source=ig_embed
Инвестирајте во костум или фустан во оваа романтична боја која ќе можете да ја носите во различни пригоди и во следните месеци.
H&M
H&M
& Other Stories
II. МАСЛИНЕСТА
https://www.instagram.com/p/BrKzQTiBM38/?utm_source=ig_embed
Една од популарните бои ќе биде и маслинестата која е совршена и за овој период од годината. Оваа елегантна и шик боја стои речиси со се’ што можете да замислите, исто како и црната, па затоа моделите во оваа боја секогаш претставуваат одлична инвестиција.
& Other Stories
Joseph
Arket
III. ЖОЛТА
https://www.instagram.com/p/BoeSV4oFYma/?utm_source=ig_embed
Жолтата лимон боја беше една од најпосакуваните бои за 2018, а еднакво популарна ќе биде и во следната 2019. Затоа слободно почестете се со едно стејтмент парче во оваа боја како што е на пример ова шик здолниште од Топшоп и бидете сигурни дека нема да поминете незабележано.
Y.A.S.
J.W. Anderson
Topshop
IV. КОРАЛНА
https://www.instagram.com/p/Bk0elPUhuSI/?utm_source=ig_embed
Според институтот Пантон коралните нијанси во 2019 ќе бидат уверливи победнички меѓу боите. Мораме да признаеме дека облеката и обувките во овие впечатливи нијанси изгледаат едноставно неодоливо.
Jigsaw
Lisa Marie Fernandez
Mulberry
V. КРАЛСКА СИНА
https://www.instagram.com/p/BmhAN6_hpdd/?utm_source=ig_embed
Омилената боја на кралскиот двор – кралската сина повторно е голем хит на модната сцена. И додека периодов преовладуваат небеските сини нијанси, за пролет/лето 2019 трендсетерките ширум светот ќе почнат да ја „фураат“ кралската сина која е како создадена за долго и топло лето.
Batsheva
Karen Millen
Marni
VI. КАФЕАВА
https://www.instagram.com/p/BpKcsUaFN9c/?utm_source=ig_embed
Кафеавите нијанси исто така оваа зима се едно од најпосакуваните, почнувајќи од карамела, преку боја на коњакот, па се до темно кафената, а според Пантон овие типични нијанси ќе ги обожаваме и во потоплите месеци.