Овие хороскопски знаци се најголемите љубовџии, изневеруваат без усул
Овие податоци не ги изненадија астролозите, дали ќе ве изненадат вас?
Резултатите на најновото истражување баправено во Европа покажало дека мажите риби најчесто изневеруваат. А од припадничките на понежниот пол, најчесто изневеруваат родените во близнаци.
Овие податоци не ги изненадија астролозите кои објаснуваат дека рибите се владетели на фантазијата и дека им е тешко да не си ја задоволат љубопитноста.
Од друга страна, најверни се претставничките на Вага и претставниците на Шкорпија. Вагите се владетели на обврзувањето и сериозните врски, додека Шкорпиите се заљубуваат страсно и не остануваат во врска доколку во неа згаснат љубовните искри.
Едно друго истражување , пак, направено во Америка покажува сосема поинакви резултати. Овде девиците, близнаците и водолиите се меѓу првите три хороскопски знаци кои изневеруваат најмногу.
Овенот се вклопува во категоријата на возбуда. Можеби обожуваа флертување, но, како огнен знак, најчесто бега од изневерувањето. Една од најголемите особини на овенот е емоционалноста, па, ако партнерот е верен, тогаш и овенот останува верен.
Бикот по природа е многу лојален знак, така што, овој знак би паднал во искушение да изневери само доколку се сомнева во верноста на партнерот.
Немирните близнаци, се едни од најчестите изневерувачи. Најмногу изневеруваат кога партнерот ќе стане посесивен и нивната слобода ќе почне да се смалува.
Слатките и чувствивтелни ракови всушнот и не изневеруваат, освен, ако се премногу чувствителни. Причината број еден за нивните неверства е ниската самодоверба, па изневерувањето го поттикнува нивното его.
Лавот е огнен знак кој секогаш сака забава и возбуда. И што е најважно, мора да биде во центарот на вниманието по секоја цена и да е најдобар во она што го прави, а тоа се најчестите причини за неговото изневерување.
Девицата се вбројува во сериозните знаци, но, ако партнерот не исполнува критериумите на овој знак, тогаш тие со задоволство ќе се впуштат во некоја љубовна афера.
Романтичната вага љубовните врски ги сфаќа секогаш сериозно, па изневерувањето не е прво на листата. Сепак, прекрасната вага е љубител на флертувањето, па така лесно може да се најде во ситуација каде флертувањето може да отиде предалеку.
Шкорпиите се едни од најтаинствените, па затоа, мала е веројатноста да ги видите како изневеруваат во јавност. Но, тоа не значи дека тие не изневеруваат поретко, туку, тоа го прават на што е можно подискретен начин.
Она што најмногу му треба на огнениот стрелец е акција и авантура. Иако стрелците се секогаш на чекор да искусат нешто ново и поинакво, тие скоро никогаш не го изневеруваат партнерот.
Мирниот и прибраниот јарец најчесто е лојален љубовник и секогаш пробува да се држи настрана од какви било изневерувања. Јарецот е чесен, па затоа, поголема е веројатноста да ја прекине врската, отколку да изневери.
Водолијата е најнепредвидливиот знак и исто така, овие поединци често можат да се најдат себеси во искушение да го изневерат партнерот. Од друга страна, пак, сѐ што бараат од партнерот е љубов и грижливост.
Рибите имаат бурна фантазија и нешто што најмногу сакаат е забавата. Како и да е, причината за изневерување на рибите е кога врската станува долга и монотона.