Овие фармерки на Каролина ги сакаме што поскоро во нашиот плакар! Максимално го стеснуваат телото, на сите им стојат убаво!
Каролина Гочева ја воодушеви публиката како со својот глас, така и со модната комбинација што ја носеше…
Познатата пејачка, Каролина Гочева, веќе со години важи за една од најстилизираните жени на нашата музичка сцена, а нејзините модни изданија секогаш се внимателно избрани и зрачат со елеганција, скромност и пристојност.
Но за разлика од елегантните фустани со кои освојува на прв поглед и во кои сме навикнати да ја гледаме, Каролина овој пат ги изненади сите со своето последно модно издание со кое настапи овој викенд во Градскиот парк.
Имено, шармантната пејачка заедно со нејзиниот бенд пееше за поддршка на лицата со ретката болест Вилсон.
Хуманитарниот настан се случи на новата летна сцена „Лепеза“ во Градски парк, а Каролина за оваа пригода се појави во фармерки што оваа есен секоја жена би требало да ги има во плакарите.
Имено, шармантната битолчанка носеше светол модел на фармерки со широки ногавици и висок струк, додека маичката во црна боја ја носеше ставена во нив така што се потсетуваше на опуштен стил.
Ова нејзино издание дефинитивно ни даде идеја како и ние да изгледаме овие топли есенски денови.
Инаку, фармерките со широки и предимензионирани ногавици се хит и оваа есенска сезона иако многу дами, од најразлични причини, се уште ги немаат пробано.
Постои мислење дека ваквите модел прават да изгледаше пошироко, но тоа не само што е заблуда, туку и важи спротивното, посебно ако ги носите на вистинскиот ничин, како што тоа го направи и Каролина.
Имено, ваквите модели визуелно го издолжуваат телото и ја прават силуетата потесна, па не е ни чудо што им се омилени на многу познати дами како Џенифер Лопез, Клои Крдашијан, Ирина Шајк, Бела Хадид и мн. други.
Посебно кога ги носите во комбинација со високи потпетици, ваквите широки ногавици дефинитивно прават сериозна визуелна разлика – ем додаваат сантиметри, ем „симнуваат“ килограми. .
Тие се новата омилена „стрит-стајл“ комбинација што ги освојува светските ИТ девојки, па во продолжение ви ги претставуваме и најубавите модели на овие фармерки од неколку брендови кои се популарни во Македонија.
Cos
Urban Outfitters
Isabel Marant
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
H&M
H&M