Овие пејачи од Македонија ги поместуваат границите во „Ѕвездите на Гранд“ – кој од нив е вашиот фаворит?
И двајцата се меѓу најдобрите во шоуто
И тие се под импресии…
Младиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија што растури во последната емисија се уште е и самиот под импресии од сето она што му се случи во популарното музичко шоу.
Пејачот Омар Џафероски ги воодушеви сите со својот брилијантен настап во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд.
Тој по емисијата имаше кратко интервју за „Гранд.онлајн“ во кое истакна дека најсреќен е што доби добра критика од жирито.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Најискрено, се уште не верувам, не се фолирам. На мене навистина многу ми е важен секој коментар, но да добиете токму ваков коментар од некој од членовите од жирито, ова навистина е предобро“, изјави Омар Џафероски потенцирајќи дека најмногу го израдувал коментарот на Марија Шерифовиќ.
Инстаграм
Повеќе за ова прочитајте тука >>
Инаку, Омар во бекстејџот беше придружуван од уште еден пејач од нашата земја кој исто така се натпреварува во шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Станува збор за Мики Секуловски кој исто така растури кога последен пат се појави на грандиозната сцена.
Тој иако имаше мали проблеми со грлото, се трудеше да даде се од себе, па со својот глас повторно ги воодушеви сите..
Како изгледаше неговиот настап, но и настапот на Омар, погледнете и потсетете се во продолжение…