Овие Македонци во Германија заработуваат 7.000 евра месечно!

Над 53.000 македонски граѓани само во текот на 2022 година се преселиле во Германија.
Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци – објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ повикувајќи се на податоци од последниот попис на населението во Германија.

фото Пекселс
Млади луѓе, но и цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија во потрага по подобар живот и финансиска стабилност.
Во Германија, според податоците кои ги објави Институтот живеат 222.000 лица со потекло од Македонија, од кои 158.000 се родени во Македонија.
Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Македонија е зголемен за 44%, од 154.000 на 222.000. Во 2021 година во Германија од Македонија се преселиле 32.000 лица.

фото Пекселс
Во германските ресторани и хотели моментално недостигаат над 65.000 вработени, а таквиот недостиг, според месечните анкети во Германија, претставува редовен проблем за угостителската индустрија во оваа земја.
Па така, многу угостителски објекти во Германија се принудени да го скратат работното време поради недостигот на работници, или, пак, да стават клуч на врата во одредени денови од неделата, но и да ја ограничат понудата во менито.

фото Пекселс
Ваквиот безизлез практично ги принуди претставниците на Бундестагот неодамна да изгласаат промена на законите, особено на оние закони кои сега им овозможуваат и им нудат на младите од Западен Балкан далеку поедноставна процедура за нов почеток на нов живот во Германија.
Факт е дека во последните неколку години многу Македонци заминаа во странство за да си ја пробаат среќата, а сега тоа масовно иселување на младата работна сила од земјава полека почнува да станува рутина.

фото Пекселс
Освен оние со завршено средно медицинско училиште или со завршен медицински курс, кои имаат загарантирано работно место во Германија и кои добро заработуваат во споредба со нашите македонски услови, добра понуда за работа добиваат и угостителите, односно сите оние кои имаат барем некакво искуство со конобарство, шанкерство, кои некогаш во животот сечкале салата или готвеле ручек.
А платите за овие луѓе, за воља на вистината, се прилично високи, па многумина угостители од Македонија кои се заминати на печалба во Германија заработуваат и до 6.500 евра месечно.

фото Пекселс
Платите на државните службеници во јавниот сектор варира во зависност од повеќе фактори како што е нивниот ранг, регионалните разлики, одговорноста на позицијата и слично.
По однос на регионалните разлики, на пример, во Баварија платите се поголеми отколку во Берлин, поради општо поскапото живеење на југот на земјата.
Еве неколку примери на месечните примања за различни професии:
А2: Виш асистент, кондуктер, чувар – бруто плата од 2.216 до 2.551 евра;

фото Пекселс
А7: Медицинска сестра, детектив, казнено-поправен службеник – бруто плата од 2.538 до 3.201 евро;
А9: Главен детектив, главна медицинска сестра, началник на полиција – бруто плата од 2.897 до 3.754 евра;
А12: Државен правобранител, главен полициски инспектор, наставник-специјалист, заменик директор, наставник (основно или средно училиште) – бруто плата од 3.801 до 5.166 евра;
А13: Учител, директор, прв главен детектив – бруто плата од 4.457 до 5.731 евра;

фото Пекселс
А14: Лекар, главен лекар, училишен советник – бруто плата од 4.584 до 6.233 евра;
Професорите (С2 и Д3) во уметничките, техничките и педагошките училишта како и универзитетите заработуваат од 6.085 до 7.756 евра.




