Тексас комбинезони на кои не можев да им одолеам
За разлика од повеќето блогерки и модни уреднички јас поседувам само две- три маички, една или две кошули и само неколку блуски што ми се омилени за моите кежуал изданија, но и кога одам на работа. И воопшто не сум пребирлива. Со години сум му верна мојот стил кој се состои од добар и комотен горен дел и класични Левис фармерки. Тие оттогаш ми биле омилени и покрај тоа што немаме многу продавници од овој бренд во Македонија.
Но морам да признам дека очите ми станаа како петденарки кога неодамна се прошетав низ продавниците и ги забележав новите тексас комбинезони. Не знам како сум ги пропуштила досега. Изгледаат прекрасно без разлика дали планирате да се сликате за на Инстаграм или да го освоите градот, потсетуваат на Џеј Ло од нејзината младост, но и ќе го разбудат бунтовничкиот дух во секоја од нас. Некако тоа им е природно, како да им е запишано во генетиката на самиот крој. Токму затоа и за денес ги избрав овие интересни модели кои дефинитивно би сакала да ги имам во мојот плакар. Ако ништо друго, барем еден од нив.
Alice & Olivia
Current Elliott
Ganni
Gap
H&M
L.F. Markey
La Vie Rebecca Taylor
Levi’s
Madewell
Mango
Marissa Webb
Topshop
Ulla Johnson
Zara
Сестра Мери