Вести

Овие граѓани ќе бидат ослободени од плаќање патарини!

Advertisement

До крајот на неделава министерот Благој Бочварски ќе го добие извештајот за ревизијата за автопатот Кичево – Охрид и од неговите резултати ќе зависи дали ќе се раскине договорот со кинескиот изведувач „Синохидро“.

Според Бочварски, Владата ќе го донесе заедничка одлука по презентација на извештајот на следната седница.

Advertisement

„Јас очекувам во текот на оваа недела да биде доставен од страна на надзорниот орган и од страна на ФИДИК експертите до ЈПДП и до Министерството по што ќе побараме тој извештај да биде разгледан на седница на Влада. Сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата. Ќе ја презентираме целата моментална состојба, но, овде, таа презентација и идните чекори, пред се, треба да дојдат од експертите кои ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен“, рече министерот Бочварски за време на увидот на градежните работи на браната на реката Отиња во Штип.

Министерот смета дека е рано да се размислува за раскинување на договорот и да се размислува за идните чекори иако на 31 декември истекува рокот за завршување на автопатот кој почна да се гради пред десет години.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите.

По денешниот увид во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека темелно ќе го разгледаат барањето и ќе им помогнат на сите на кои им треба помош.

„Отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе стигне барањето од заинтересираните граѓани или здруженија на граѓани или од страна на одредени институции, ќе го разгледаме и како и секогаш во минатото кога сме излегувале во пресрет, така и денеска ова прашање ќе биде темелно разгледано и можам да ве убедам дека државата ќе им даде поддршка на сите оние граѓани на кои им е потребна помош. Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид-криза, кога има енергетска криза, е овде да им помогне на граѓаните“, рече министерот Бочварски.

Меѓу Скопје и Штип, на новиот автопат, има три патарини. За одење до Онкологија во Скопје и за враќање, освен за бензинот, пациентите одвојуваат и по 320 денари за патарини.

Тој дополнително истакна дека министерството за транспорт и врски во општините низ државата има реализирано и е во фаза на реализација на преку 160 локални улици и патишта.

-Тие средства се директно од страна на централниот буџет на Владата без притоа да ги оптоваруваме општинските буџети за реализација на овие проекти. Токму овде во Штип се реализираа многу значајни проекти исто така децениски коишто многу пати биле дискутирани во многу изборни кампањи во минатото, таква е и улицата „Панче Караѓозов“ и крстосницата во населбата Сењак, подобрување на инфраструктурата во цела населба Автокоманда и секако дека стоиме на располагање да помогнеме на секоја општина во државата којашто ќе поднесе проектна документација за одреден проект, изјави Бочварски.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски додаде и дека соработката од страна на Владата кон општините е огромна, а како што вели каква што не била никогаш досега и тоа се гледа и со последната одлука на Владата, и на Собранието, на мнозинството во Собранието за реализација на голем број на проекти.

-Само преку Министерството за транспорт и врски во овој проект ќе бидат реализирани 15 милиони евра инвестиции, односно финансиски средства за потребите на општините и на граѓаните и ова е нешто коешто во минатото не се случувало.

Ниту на една друга централна власт во минатото не се случило да помогне на локална власт којашто била од спротивниот табор или од друга политичка опција, ниту пак на своите од својата политичка опција така што оваа Влада денеска е ориентирана кон реалните потреби на граѓаните, рече Бочварски по увидот во градежните работи на брана на река Отиња во Штип.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button