Вести

Овие граѓани до крајот на годината ќе добијат плус 23.100 денари на своите сметки!

Advertisement

Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.

Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Advertisement

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика. Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.

Ова се разбира доколку компанијата нема финансиски тешкотии, кога може да се исплаќаат и помали износи, а од друга страна за оние подобростоечките „само небото е лимит“…

Токму одредбата дека фирмата била финансиски нестабилна, беше мета на чести критики изминатите години, како од Државниот трудов инспекторат, така и од ССМ, кој досега не успеа да издејствува нејзина промена кај работодавачите.

Дотолку повеќе што со ова не се кажува ни дека фирмата треба да биде во минус, туку се зборува само за „тешкотии во работењето“, што е многу широк поим.

-Износот на регресот се утврдува според основицата, која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Според Колективниот договор, основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Просекот за последните 3 месеци за кои Државниот завод за статистика има објавено податоци (јануари, февруари и март 2023 година) е 34.197 денари, што значи дека 40 отсто се 13.672 денари – брифираат од ССМ.

Работникот има право на регрес за годишен одмор под услов да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите.

И покрај високите казни, лани до ССМ се евидентирани 3.062 обраќања за прекршено право на регрес за годишен одмор. За нив од службата за бесплатна правна помош се преземени законски активности, изготвени се приговори и барања до работодавачите, поднесени се тужби до суд, а дел од обраќањата се проследени до ДИТ за понатамошно постапување и остварување на правото на работниците.

-За неисплата на К-15 предвидена е глоба до 4.000 евра, а за работодавачите кои бараат да им се вратат исплатените пари и затворска казна од три месеци па се до една година – децидни се од ССМ.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени.

Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

Вработените во Ван Хоол Македонија до крајот на годината ќе добијат Регрес за годишен одмор од 23.100 денари.

Таа информација стои во огласите каде што бараат нови работници и покрај регрес од 23.100 денари нудат 24/7 дополнително осигурување од незгода, Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард, Обезбеден превоз до/од работното место, Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа, “Купи со попуст” – одобрени попусти за вработени во одредени продажни места.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button