Во сезоната на Вага сме, а ѕвездите ќе ги фаворизираат овие знаци од Зодијакот.
Голем број на ретроградни планети на небото е предупредување дека не е добар период од годината за вложување пари.
Играме уште еден ѕвезден рулет, а одредени знаци ќе имаат поголема финансиска среќа од другите.
Доколку се прашувате кој ќе има пари до 12 октомври, меѓу нив се и знаците како: Лав, Рак, Водолија и Вага.
ЛАВ
Ќе имате нови преговори за висината на вашата плата. Вистински период од годината е да направите добри преговори за пари и да ја подобрите финансиската состојба.
РАК
Марс во вашиот знак покажува дека вие сте еден од најнаметливите знаци во Зодијакот во моментов, па затоа треба да се залагате за себе и да барате покачување.
ВОДОЛИЈА
Позитивните аспекти на Сатурн ви носат одредена разрешница на стар финансиски проблем. Може да биде и задоцнето плаќање кое конечно ќе пристигне.
ВАГА
Сезоната на вашиот знак ви носи големи финансиски можности. Исто така, Венера во Шкорпија ви носи многу вредни подароци.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Шкорпија.