Не велиме дека нашите девојки немаат стил, но едноставно комбинациите на овие бабички се на самиот врв кога се гламурот и уличната мода во прашање.
Инстаграм профилот „Sciuraglam“ преку ноќ стана популарен бидејќи претставува госпоѓи во поодминати години кои не се откажуваат од гламурот и трендовите, а веќе на прв поглед можете да забележите дека на полето на модата би можеле да се носат со бројни трендсетерки. Имено во прашање е профил на Инстаграм на еден стоматолог од југот на Италија кој не сака да го открие својот идентитет, а од неговите фотографии можеме да заклучиме дека во Милано и бабите изгледаат одлично и водат сметка за свој0т изглед.
„Освен госпоѓите што ги фотографирам, никој не знае дека профилот е мој и сакам така да остане. Не почнав со ова да се занимавам за да станам познат. Сакам на моите фотографии да бидат во фокусот дамите, а не јас“, изјави сопственикот што се крие зад „Sciuraglam“ за „Teen Vogue“.
https://www.instagram.com/p/BlsVV2Jh99i/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BfbJMdzh_vt/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BjPieoLlhq-/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BeseMafh3DW/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BnEDS8qBMGY/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BmnrX9wB2ng/?taken-by=sciuraglam