Веќе пишувавме за трендот на облека со светки, кои оваа сезона ќе бидат главни како во продавниците, така и на нашите улици.
Но овој пат освен на облеката, нема да можеме да ги избегнеме и на обувките, особено во периодот што следува, пред празниците, на општа радост на обожавателките кои обожуваат малку сјај во нивните изданија.
Sergio Rossi, 1170 eura
Од класични салонки до чизми – светките се насекаде!
Тоа многу добро го знаат и дизајнерите на престижната италијанска модна куќа „Серџо Роси“ која ги создаде овие преубави и неодоливи чизми до глужд целосно украсени токму со еден ваков блескав додаток.
Sergio Rossi, 1170 eura
Еластичниот модел со големи светки е со високи потпетици од 10,5 сантиметри и ни доаѓа во три бои: розова, црна и сребрена.
Sergio Rossi, 1170 eura
Овие гламурозни чизми до глужд навистина изгледаат посебно и најдобро се истакнуваат со облека во неутрални нијанси, но оние посмелите љубителки на модата можат да ги комбинираат со подеднакво впечатлива облека и да создадат модерно „фешан“ издание по кое сите ќе се вртат.
Погледнете уште неколку модели на вакви чизмички до глужд од неколку познати светски брендови >>
Dorothy Perkins
Halogen
Lauren Lorraine (Nordstrom)
Monsoon
New Look (ASOS)