Овие 15 цитати од Карл Јунг се сé што треба да знаете за животот
Карл Јунг бил психијатар и психотерапевт од Швајцарија кој ја засновал аналитичката психологија. Тој, исто така, имаше влијание во антропологијата, религиозните студии, археологијата, филозофијата и литературата.
Ги истакнуваме неговите 15 најдобри цитати за животот, страста, срамот и депресија.
„Не можеме ништо да смениме додека тоа не го прифатиме. Осудата не те ослободува туку те угнетува.“
„Не го задржувај она што заминува од тебе, бидејќи нема да дојде она што доаѓа кон тебе“.
„Ако човек не сфаќа друга личност, тогаш тој тежнее да ја смета за будала“.
„Најтешкиот товар кој лежи на детските рамена – непроживеаниот живот на нивните родители“.
„Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе го погледнеш своето срце. Оној кој го гледа од надвор, гледа само соништа, а оној кој гледа во себе, се буди“.
„Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања“.
„Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас – не ја бркајте. Викнете ја на маса, како гостин и слушнете што таа има да ви каже“.
„Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека нешто сте добиле. Тоа значи дека можете нешто да дадете“.
„Она на кое се спротиставуваш – опстанува“.
„Осудата не ослободува, туку гуши“.
„Вашиот поглед ќе стана јасен само тогаш кога ќе можете да погледнете во сопствената душа“.
„Јас – не сум она што ми се случи, јас сум она што одлучив да бидам“.
„Можеме да мислиме дека целосно се контролираме себеси. Но, пријателите лесно ќе го кажат за нас она што не го гледаме“.
„Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности – ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Ние, не сме ни сигурни дека една ќе надвладее над другата, дека доброто ќе го совлада злото, а радоста ќе ја уништи тагата.
„Нашата личност е дел од светот кој не’ опкружува и неговата тајна е неограничена“.