Вести

ОВДЕ Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА УБИЕНИОТ ФРИЗЕР, ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД МЕСТОТО КАДЕ Е ЗАКОПАН ПАНЧЕ: Настрада поради долг од 500 евра?

Advertisement

Јавните обвинители на Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес спроведоа истрага на двете локации каде што беа пронајдени телата на исчезнатите лица.

„Според исказите на осомничени во ЈО дадени ноќеска осомничените имале некаков должничко- доверителски однос односно Панче Жежовски должел некои 500 евра и затоа најверојатно е избран како жртва за да се земе колата за да се изврши грабнувањето“, вели Бубевски.

Advertisement

Тој објасни дека тоа за сега што го имаат како доказ за грабнувањето на Панче, убивањето на Панче и одземањето на неговото возило со цел во Скопје да се заврши криминалниот потфат.

Пензионерот Панче Жежовски е грабнат на 22 Ноември од својот дом. Убиен е и закопан на патот Велес-Скопје. Причината била долг од 500 евра кон групата предводена од Љупчо Палевски Палчо. Овие детали за смртта на 74-годишниот велешанец ги соопшти на денешната прес-конференција Обвинителот Гаврил Бубевски. Мотивот бвило да се земен неговото возило и да се искористи за грабнувањето на Вања.

Панче бил грабнат од неговиот дом и земено неговото возило. По убиството на Панче истото возило двајца од тројцата осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска го користат за да во него со врзани раце и нозе и вреќа за спиење ја стават Вања и однесат кон Бразда во Чучер Сандево каде во 10 часот е убиена.

Објавено е и видео од местото каде Панче Жежовски (74), фризер кој беше убиен од истата криминална група која ја киднапираше и уби Вања Горчевска (14).

Видеото го објави ТВ Телма. Неговото тело е пронајдено во Велес.

Да потсетиме, тој беше пријавен за исчезнат на 22 ноември. Се претпоставува дека е убиен поради долг од 500 евра.

МВР ги приведе сторителите на две убиства – девојчето Вања и Панче Жежовски, изјави претходно денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Во врска со двата случаи осомничени се пет лица, три лица се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката е приведено, распитот е извршен и ќе бидат преземени мерки по наредба на Обвинителството.

Мотивот е личен интерес, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да изнуди пари од мајката, за во иднина сите инволвирани да имаат материјална корист – вели Спасовски.

Јавните обвинители на Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес спроведоа истрага на двете локации каде се пронајдени телата на исчезнатите.

Издадени се и наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button