Оваа црвенокоса девојка од Македонија ги скара Саша Поповиќ и Вики Миљковиќ – и Цеца го направи лом, не му остана должна!
Бранка помина во следниот круг…
Бранка од жирито доби пет гласови, а за ментор ја сакаше Светлана Ражнатовиќ, но таа не се сложи со нејзината одлука…
Скопјанката Бранка Соколовска има 36 години и реши својот талент за пеење да го покаже во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа уште со својата прва песна „До мене е“, од „Трибал бенд“ ги освои сите, а потоа го испеа и големиот хит од Вики Миљковиќ „Црно на бело“, со што познатата фолкерка беше презадоволна.
Бранка од жирито доби пет гласови, а за ментор ја сакаше Светлана Ражнатовиќ, но таа не се сложи со нејзината одлука.
„Ти благодарам душо, но јас вечерва ти бев само поддршка“, и кажа Цеца, по што та ја избра Миљковиќ.
Тогаш Саша Поповиќ реши малку да се пошегува со Вики, по што следуваше вистинска драма во шоуто.
„Ја гледам Вики, таа ќе земе хартија и ќе види дека натпреварувачката пее нејзина песна и веднаш дава глас за неа.
„Девојката има подобра дикција од тебе Вики“, кажа Поповиќ.
По ова веднаш се вмеша и Цеца која застана на страната на својата кума и на директорот му порача дека удира ниско.
Поповиќ и порача на својата колешка Цеца Ражнатовиќ да не се меша, по што Миљковиќ му кажа дека таа има најдобра дикција, а потоа ја праша и натпреварувачката од Македонија какви песни најмногу сака да пее.
И откако Бранка и кажа дека сака фолк-песни, Миљковиќ одлучи да ја земе во својот тим.
Инаку, Бранка не беше единствената од Македонија што во последната епизода се пласираше за следниот круг.
Покрај неа, во следниот круг ќе ги гледаме Бојан Илиевски и Јасмин Алиевски кои исто така го воодушевија жирито.
За Бојан веќе зборува целиот регион, а заради него Цеца одвај се воздржа да не заплаче.
Повеќе за ова прочитајте тука >>
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд