Повеќето жени ќе се согласат дека најтешко е да се изберат соодвети фармерки кога одите на шопинг.
Многу дами се свесни дека навистина е тешко да се најде соодветен пар на фармерки. Понекогаш тоа изгледа како невозможна мисија, а зошто е тоа така, еден корисник на Твитер има совршено објаснување за овој проблем.
Имено, 18-годишната Клои Мартин од Глазгов објави фотографија на која споредила седум пара фармерки со ист број, но од разни продавници и покажа кој е најголем проблем при купувањето на ова парче облека.
https://twitter.com/chloemmx/status/1104013214013116417
„Ако се прашувате зошто жените се фрустрират за бројот на облеката – може да погледнете дека секој пар фармерки на оваа фотографија е 40″, пишува таа. И како што можете да видите, разликата во ширината на половината на фармерките од фотографијата е огромна и навистина е неверојатно дека сите тие се ист број. Фотографијата стана вирален хит и беше шерувана повеќе од 124.000 пати, а многумина ѝ се заблагодарија на ова откритие.
Затоа, главниот виновник за проблемот со купувањето на фармерки не сте вие, туку брендовите кои очигледно не се согласуваат со броевите.