Оваа убавица му кажа „ДА“ и му го украде срцето на македонската Гранд ѕвезда што сите го сакаат
Оваа убавица го освои срцето на младиот пејач
Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Мите Стоилков, застана на лудиот камен на почетокот од септември.
Пејачот не крие дека животот му се промени откако ја запознал неговата сакана Марија Минова, а снимките од нивната луда свадба кога Стоилков не штедеше пари за да ги накити музичарите со бакшиш, но и кога со невестата го изведе првиот танц, се уште се хит.
Мите претходно ретко зборуваше за својата сакана и по малку ја криеше од очите на јавноста, но по свадбата ситуацијата како да се промени.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Имено, пејачот оттогаш често знае да сподели и по некој нивен заеднички момент, а сите се согласни дека Марина е вистинска убавица.
Повеќе од очигледно е дека Мите ужива во брачниот живот, а и неговата сакана секогаш е насмеана во негово друштво.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Мите својата сопруга ја запроси во ноември 2023, а запросувањето се случи во манастирот Св. Јован Бигорски.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Ова тогаш ги изненади фановите затоа што Мите дотогаш ретко откриваше детали од својот приватен живот, а како изгледаше овој посебен момент за пејачот, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мите Стоилков
Потсетуваме, Мите е син на музичарот Горан Стоилков од популарната група „Огнени момчиња“ и братучед на Трајче Горгиев, кој се прослави во „Пинк ѕвездички“.
Инстаграм/ Мите Стоилков
По учеството во „Ѕвездите на Гранд“, Мите продолжи да ја гради својата кариера, а од пред неколку месеци е и пејач на „Џеј трибјут бендот“.