И беше поважна кариерата како манекенка
Атрактивната Амине Гулше е актерка и модел која живее во Истанбул и која се прослави со улогата на убавата, но тврдоглава Нур во новата популарна турска серија „Забранета љубов“.
Нејзиниот татко е по потекло од Ирак и е професионален спортист. Тој играше за Шведска, па така и Амине е родена во оваа земја, во 1993 година. Но и покрај тоа што пораснала во Шведска, нејзините родители дома зборувале само на турски јазик така што и таа им остана верна на корените.
https://www.instagram.com/p/BpMbxN_hyZO/?utm_source=ig_embed
Кога со родителите се пресели во Истанбул, Амине започна да се занимава со манекенство и за многу кратко време стана мошне популарна. Во 2014 се натпреваруваше за Мис на Турција и ја освои победата, па започна да добива бројни понуди да биде дел од модните кампањи.
Поради својата убавина ќе му се допадне и на познатиот турски актер Бурак Озчивит кој во тоа време ја основаше и својата продуцентска куќа. Тој веднаш и понуди и главна улог во љубовен филм, но Амине го одби, бидејќи сакаше да се посвети на светските подготовки за избор на убавина.
https://www.instagram.com/p/BoRStvMB16h/
Амине од 2015 е во врска со германскиот фудбалер кој игра за Арсенал, Месут Езил, а беше во центарот на вниманието и на последниот Мундијал кој се случуваше во Русија каде често завршуваше на насловните страни во весниците како една од најубавите жени на познатите фудбалери.
https://www.instagram.com/p/BoJjdDTBLMn/
Во актерските води заплови во 2015 година, со улогата во серијата „Забранета љубов“ и за кратко време ги освои симпатиите на публиката.