Оваа Србинка важи за најатрактивната баба на Инстаграм
За нејзината убавина и изглед пишуваа бројни светки медиуми

Жаклина е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, а од 2017 година досега за неа имаат пишувано голем број светски познати магазини. Таа важи за една од најзгодните баби на социјалните мрежи, а нејзините фотографии имаат десетици илјади лајкови и споделувања.

Таа и денес во костими за капење изгледа неверојатно, а нејзините фотографии според обожавателите се дури и поубави од оние од пред две години.

Покрај бројните модни фотографии и оние на кои е со своите внуци, таа редовно објавува и фотографии од кои многу мажи ќе останат без здив, а претставничките на понежниот пол ќе бидат љубоморни.

Жаклина на свои педесет години се уште изгледа неверојатно, а на нејзините стомачни можат да и завидуваат и двојно помлади девојки.









