Овој модел е апсолутен тренд за оваа сезона
Оваа сезона женственоста конечно е во мода, па модерни се сите оние парчиња кои ја слават и истакнуваат, и во контекст на ова, на модната сцена се враќаат здолништата како парче број еден во женските плакари ширум светот, а меѓу најпопуларните се токму моделите што му ласкаат на женското тело.
Во мода се сукњи во сите облици и димензии – од култните тексас миничи до лелавите макси здолништа, но оваа пролет еден модел се истакна како најпопуларен и пред сите останати
Во прашање е модел што е многу ласкав и апсолутно погоден за жени со најразличен тип на тело – сукњи со средна должина.
Можете да изберете плисирани, со рамен или А крој – тоа е помалку важно. Имено сега треба да внимавате да бидат со должина до средина на листот или малку над глуждот, а покрај тоа што се атрактивни и во тренд, имаат и уште неколку бенефити – во нив ќе ви биде пријатно и удобно, но и ќе изгледате одлично во најразлични пригоди.
Во исто време тие го откриваат само долниот дел од листовите и глуждот, па нозете ги прават да изгледаат потенки, а посебно ако изберете модели што се со висок струк – тие визуелно ќе ви го издолжат телото, особени ако ги носите со елегантни сандали со високи потпетици.
Можете да ги носите и со патики што е посебно „ИН“ во последните неколку сезони и изгледа фантастично и покрај тоа што можеби на прв поглед звучи необично. Посебно се модерни здолништата со средна должина и со длабоки прорези кои на тој начин добиваат сосема нов шмек и даваат доза на сексапил, посебно ако го носите во посебни пригоди.
Што се однесува до модните гуруа, тие ни препорачуваат оваа сезона да ги избегнуваме миди здолништата со молив крој и наместо нив да избереме поопуштени модели или оние кои се на преклоп.
WE11DONE £225
SOLID & STRIPED £172
SEA £267
ROSETTA GETTY £567
MAX MARA £405
АLICE + OLIVIA £234
16ARLINGTON £518