Оваа сабота жешка пресметка во нашиот главен град – Карлеуша против Калиопи, ќе биде интересно
Овој викенд Скопје ќе гори - две големи диви најавија спектакуларни концерти и тоа во ист ден
И двете закажаа концерт на ист датум во Скопје
Македонската поп-дива Калиопи Букле ќе одржи голем концерт во Скопје за кој веќе се бара влезница повеќе.
Нејзиниот концерт е закажан за 19 октомври во Арена Борис Трајковски, а истиот ден голем концерт ќе одржи и српската поп-дива Јелена Крлеуша, само во Спортскиот центар Јане Сандански.
И двата концерти ќе се одржат на ист датум, а Калиопи со овој настап ќе одбележи и 40 години постоење на музичката сцена.
Инстаграм
Пејачката како гости на овој спектакл што треба да се одржи во Борис Трајковски ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил со кого Калиопи соработува од самиот почеток, а како што изјави неодамна, очекува целата сала да блеска од позитивни емоции и многу љубов.
Инстаграм
Таа најави спектакуларно музичко и визуелно доживување за публиката, а и од нејзините објави на социјалните мрежи може да се забележи дека пејачката е превозбудена и со нетрпение го очекува овој датум.
Инстаграм
Од друга страна за истиот датум вечер за паметење најавува и српската поп-дива Јелена Карлеуша, и тоа во истиот град.
Инстаграм
Имено, и спектакуларниот концерт на Карлеуша ќе се случи ма 19 октомври, само во Спортскиот центар Јане Сандански.
Инстаграм
Станува збор за концерт во склоп на нејзината балканска турнеја Алфа и Омега, за кој Карлеуша ветува невиден спектакл.
Инстаграм
Па, кој од овие два спектакли попрво би го посетиле?