Оваа наша пејача и денес плени со својот шарм, но ќе се изненадите од фотографиите од нејзината младост
Пејачката наполни 58 години, но се уште плени со својот шарм и природна убавина
Пејачката Јасмина Гуњова и во шестата деценија плени со својот изглед, а доказ за тоа се и нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Јасмина на сцената е присутна повеќе од три децении, а нејзиниот прв настап беше на фестивалот „Цветници“ во далечната 1992 година.
Во текот на својата кариера имала бројни хитови и соработувала со голем број наши познати музичари, а во младоста важеше за една од најубавите и најпосакуваните пејачки на народна музика.
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Впрочем за тоа зборуваат и нејзините фотографии од младоста на кои пејачката знае понекогаш да се потсети и секогаш кога ќе сподели таков момент од минатото предизвикува лавина од реакции.
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Но Јасмина се уште плени со својот шарм, а ова е посебен ден за неа затоа што денес оваа наша пејачка полни 58 години.
И токму заради нејзиниот изглед, но и љубовта кон животните многумина и денес ја нарекуваат македонската Брижит Бардо, а она што пак, малкумина го знаат за оваа наша позната дама е тоа дека таа важи и за една од најшколуваните пејачки кај нас со магистерска диплома од технолошката струка.
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Но и покрај тоа што естрадните почетоци на оваа штипјанка беа одамна, таа и денес плени со својата убавина и изгледа младолико.
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Оваа година со својот сопруг со кого има син и ќерка прослави и три децении брак, а на социјалните мрежи во една пригода откри како изгледаше и како невеста, но објави и една стара фотографија на која е во костим за капење, а која, како што самата откри, е направена за време на медениот месец со сопругот.
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Како изгледаше Јасмина тогаш, но зошто и денес под секоја своја фотографија што ќе ја сподели добива бројни пофалби на сметка на својот изглед, погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Јасмина на меден месец во Турција, 1994 година
Фејсбук/ Јасмина Гуњова
Фејсбук/ Јасмина Гуњова