Оваа македонска пејачка е повисока од цела српска естрада – ја шие и Карлеуша, а откако изгуби 45 килограми изгледа бpyтално!
На социјалните мрежи дамите често изгледаат многу повисоко отколку што се навистина, а тоа важи и за ѕвездите.
Но една Македонка ја носи титулата за највисоката пејачка во регионот – повисока и од попиконата Јелена Карлеуша и од фолкерката Снежана Бабиќ Снеки.
Имено, кога познатите личности ги гледаме на телевизија, навистина тешко можеме да кажеме дали се високи или ниски. Па така на пример многумина се изненадени кога ќе дознаат дека познатата пејачка Наташа Беквалац всушност е висока „само“ 170 сантиметри, а толку е висока и Милица Павловиќ (како и сопругата на Ноле, Јелена Ѓоковиќ).
Од друга страна Карлеуша која остава впечаток дека е една од највисоките меѓу пејачките, како и нејзината колешка Снеки, и покрај тоа што навистина се поприлично високи, една наша пејачка ги „шие“ со по неколку сантиметри. Во прашање е Тијана Дапчевиќ, која како пејачка е позната и во Србија, а која од Карлеуша е повисока за цели шест сантиметри.
Фото: Инстаграм/ Снеки
Имено додека Карлеуша е висока „само“ 178 сантиметри, а Снеки три сантиметри повеќе, односно 181, Тијана Дапчевиќ е висока 184 сантиметри и важи за највисоката пејачка на естрадата, пишува „Еспресо.рс“.
Тијана е родена во Скопје, во 1976 година, а со својот сопруг Милан и нивниот син Вук живее и работи во Србија.
Таа и денес може да се пофали со своето убаво тело, а малкумина се сеќаваат дека во еден момент имаше дури 115 килограми.
Како што самата вели, таа по породувањето имала 45 килограми повеќе од сега, но успеа да се избори со нив и да ослабне.
Целиот е на мама: Порасна синот на Тијана Дапчевиќ, глетката ги „шокираше“ сите… >>
„Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Но, почнав да слабеам дури откако сфатив дека на мене не ми треба никаква диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога е се спомне зборот диета.“
„Тогаш мислиме само за храна и за тоа што ќе јадете, а што не смееме“, изјави пејачката во една пригода.
Таа откри дека сега денот го започнува со снегулки и црвено овошје, за ручек обично јаде мисиркино месо со зеленчук, додека за вечера риба со салата. Не крие дека на почетокот имала криза, но и дека дала сé од себе за да издржи, што најдобро се гледа од тоа како изгледа сега.
„Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваните килограми, но, како и сите останати жени, и јас често се опуштам и знам да се поправам“, изјави тогаш Тијана.
На крајот од галеријата погледнете колку е висок и синот на Тијана кој ги изненади сите со тоа колку пораснал…
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Принтскрин/ Преспав
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Принтскрин/ Преспав
Како изгледа синот на Тијана погледнете тука…