Оваа македонска Гранд ѕвезда ја споредуваат со Драгана Мирковиќ – потекнува од село, Цеца ја обожава
Мелиса по потекло е од Лажани, село од кое потекнуваат уште две големи музички легенди
И покрај својот феноменален настап, оваа млада пејачка имаше и критики на кои никој не би останал рамнодушен.
Пејачката од Македонија, Мелиса Зијадиќ, со својот талент ги освои сите, но по нејзиниот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“ доби критики од некои претставници на жирито што ги изненадија сите.
Таа и покрај тоа што освои максимален број на гласови и прва се пласираше во четвртфиналето, некои од претставниците на жирито ја критикуваа дека нејзиниот настап на сцената бил досаден.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, Александар Милиќ Мили тоа прв го забележа, додека Ана Бекута застана во нејзина одбрана, потенцирајќи дека има само 18 години.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По настапот Мелиса се огласи во „Гранд.онлајн“, а на прашањето дали ваквите критики ја погодуваат, таа го изјави следново:
„Токму како што ми кажа Мили, ми фали да се опуштам уште повеќе. Немам трема, но срамежлива сум, тоа е вистина што вели Мили, но ќе се потрудам колку што можам тоа да го исправам, ако тоа воопшто може“, изјави Мелиса напоменувајќи дека се согласува со констатацијата на Снежана Ѓуришиќ дека и приватно е мирна личност, па затоа и остава таков впечаток.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Македонката не крие дека ја импонира тоа што многумина ја споредуваат со пејачката Драгана Мирковиќ, а за нејзината менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ има само пофални зборови.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Таа секогаш ми зборува сé најдобро, буквално од првиот ден од кога се запознавме и благодарна сум и за тоа“, вели таа.
По коментарот на Мили дека на сцената изгледа досадно и дека мора да најде сила во себе за нејзиниот глас да излезе до крај, се вклучи и Босанац кој и порача дека не е срамно да се поклони на публиката, на аплаузот што го добива, дека од тоа не смее да бега.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Бе треба да ти биде непријатно тоа што си тука, инаку е супер, и порача тој, додека Вики Миљковиќ изјави дека е премногу скромна.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Мелиса, премногу си скромна, тебе те убива скромноста кога ќе застанеш тука. Тоа е нешто што не е предност и може во оваа работа да биде мана. Ти си добар вокал и сé што испеа е точно, ова што вели Мили дека е досадно, тоа е негов став, ова беше сé, само не досадно“, изјави Вики по настапот на Мелиса.
Како изгледаше настапот на Мелиса која по потекло е од Лажани, село близу Прилеп од кое потекнуваат уште две големи музички легенди, Јашар и Ипче Ахмедовски, погледнете во продолжение…