Реклама
Наши ѕвезди

Оваа Македонка ја „шие“ цела српска естрада – важи за највисока пејачка, и Снеки може вода да и носи

Оваа Македонка е највисоката пејачка на Балканот – повисока е и од Снеки

Реклама

Многу познати дами користат најразлични трикови како на фотографиите би изгледале што повисоко.

Но некои од нив не само што немаат потреба од тоа, туку и од авион им се познава дека отскокнуваат од другите.

Една од нив е Снежана Бабиќ Снеки која беше една од најпознатите пејачки уште од времето на поранешна Југославија кога дефинитивно важеше за фолкерка со најубавите и најдолгите нозе на сцената.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Снеки

Но тоа било некогаш, а сега ситуацијата е малку поинаква.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Снеки

Имено, на тронот кога е висината во прашање, не е Снеки, туку една нејзина колешка, и тоа по потекло од Македонија.

Фото: Инстаграм/ Снеки

Па така додека Снеки може да се пофали со 180 сантиметри, исто колку што се високи и Лепа Брена и Јелена Карлеуша, но оваа пејачка од Македонија е повисока од неа за цели 4 сантиметри.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Станува збор за Тијана Дапчевиќ која е висока 184 сантиметри и со тоа важи за највисока пејачка во регионот.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Таа ја „шие“ целата српска естрада, а со своето тело кое по бременоста го врати во топ форма изгледа импозантно каде и да се појави.

Потсетуваме, Тијана додека беше бремена во еден момент имаше дури 115 килограми, а во една пригода за Гламур откри како успеала да ги намали килограмите и драстично да ослабне.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Сега кога ги гледам сликите од пред 15 години себеси си сега си изгледам подобро отколку тогаш. Никогаш сум немала проблем со килограмите, се додека не останав бремена. Многу се здебелив за време на бременоста дури 45 килограми. Ми требаше многу време додека да ги симнам и се до пред некое извесно време како ќе симнам така ги враќав дури повеќе од симнатото. Се додека не се запознав со нутриционистката Ана Петровиќ. Со неа успеав да го симнам вишокот од тие 115-ина килограми и инсистирам да се хранам според нејзините рецепти.

Не се враќаат повеќе килограмите , најдов некој матрикс. Сепак , јас сум од Македонија, многу сакам зеленчук, овошје инсистирам да јадам од се по малку. Заклучив дека се додека не се прејадувам е добро, често, ама по малку. Пијам многу вода, чаеви, ни откри тогаш Тијана.
Целото интервју со Тијана ѕирнете го тука …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button